Денеска од 16 часот па сè до понеделник граѓаните ќе бидат во карантин

Повеќе од 60 часа, ќе треба да се остане дома – со ваквата ситуација, за прв пат, ќе се соочат граѓаните на земјава затворајќи се целосно во своите домови.

Денеска пак, шеснаесет часот, е периодот кога земјавазапира со секојдневието поради полицискиот час. Последни подготовки, невообичаена гужва, пред  банките, маркетите, аптеките и пазарите редови од граѓани – излегле да ги набават потребните намирници.

Од денес па се до понеделник согласно мерките забрането е било какво своеволно движење доколку за тоа не се поседува дозвола за движење.

Но, и покрај забраната за движење има и такви кои се однесувале несовесно па си дозволиле да не останат дома и излегле движејќи се слободно надвор. Такви, псоред извештајот на МВР само синоќана ниво на целата држава  биле регистрирани 90 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 57 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во Тетово, синоќа едно лице нападнало службено лице при вршење работи на безбедност а додека други двајца пак се обиделе да го спречат службеното лице да си ја изврши својата должност и неовластено снимале информираат од СВР – Тетово. Од таму додаваат дека трите лица се приведени во полиција.

Властите и понатаму апелираат, да се почитуваат мерките со цел да се спречи ширењето на вирусот, сите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се соочат со институциите за што следат и казни од една година затвор.

притисни ентер