Денес се регистрирани 463 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2

Во последните 24 часа според податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 436 нови случаи на Ковид-19 од 3447 тестирања, 15 лица починаа, додека 336 пациенти се оздрав

Направени се 3.447 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 218, Битола – 40, Прилеп – 25, Кавадарци – 22, Велес –16, Куманово – 15, Тетово и Кочани – по 14, Штип – 13, Делчево – 12, Охрид – 9, Струмица и Берово – по 7, Ресен - 6, Крива Паланка – 5, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 4, Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 3, Радовиш, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 336 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Битола – 29, Прилеп – 25, Велес – 20, Штип и Струмица - по 18, Кавадарци – 15, Кочани – 13, Куманово – 11, Берово – 8, Неготино и Гевгелија – по 6, Валандово – 5, Делчево, Ресен, Кратово и Гостивар – по 3, Виница и демир Хисар – по 2, Македонска Каменица, Кичево, Радовиш и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 7 починати лица од Скопје (44г, 54г, 61г, 67г, 71г, 73г и 94г), по 2 починати лица од Кавадарци (37г и 72г) и Радовиш (51г и 79г), по едно починато лице од Кратово (93г), Куманово (92г), Прилеп (82г) и Крива Паланка (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77г. Двете лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.447 тестови преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-128, Биотек-213, Систина-64, лабораторија Лаор-193, Синлаб-18, Ремедика-17, Плодност–36, Генеа-20, Никоб лаб-344, ВФВ Медикал-59, Ели Медика-56, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.364.

Досега во земјата се направени вкупно 1.465.204 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а бројот на активни случаи изнесува 8.393.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 93858, Активни 3902

Куманово 12844, Активни 271

Тетово 11307, Активни 158

Прилеп 10140, Активни 433

Битола 8571, Активни 692

Гостивар 8059, Активни 31

Велес 7268, Активни 344

Кавадарци 6902, Активни 306

Штип 6556, Активни 196

Охрид 6415, Активни 280

Струмица 6074, Активни 149

Кичево 4220, Активни 87

Кочани 3975, Активни 201

Струга 3894, Активни 60

Гевгелија 2778, Активни 141

Неготино 2551, Активни 71

Свети Николе 2105, Активни 81

Крива Паланка 1871, Активни 137

Ресен 1727, Активни 108

Радовиш 1711, Активни 69

Дебар 1455, Активни 1

Берово 1420, Активни 97

Делчево 1372, Активни 136

Виница 1148, Активни 41

Пробиштип 1110, Активни 33

Валандово 927, Активни 55

Кратово 758, Активни 57

Богданци 642, Активни 40

Демир Хисар 606, Активни 89

Крушево 580, Активни 27

Македонски Брод 490, Активни 10

Демир Капија 422, Активни 7

Македонска Каменица 412, Активни 69

Пехчево 347, Активни 12

Дојран 161, Активни 2

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

Научна конференција „Македонците и граѓанската војна во Грција, 75 години потоа“

75 години од граѓанската војна во Грција која предизвика егзодус на десетици илјади Македонци од Егејска Македонија ширум светот, здружението Тга за југ го чува споменот за трагични настани, но дали и државата?

На меѓународната конференција што се одржа во Инситутот за македонски јазик, историчарот Тодор Чепреганов оцени дека по Преспанскито договор, практично самите сме се откажеле од сонародниците Грција.

-За жал со преспанскиот договор сега таму немаме македонци, туку имаме народ кој зборува јазик различен од грчкиот, се поставува и прашањето кои се тие македонци кои што учествувале во граѓанската војна ако не ги именуваме како македонци, затоа што сега имаме антички македонци во Грција и имаме овде на оваа страна други македонци, кои се тие е големо прашање.- Тодор Чепреганов - Историчар

Но, од здружението на децата бегалци - „Т’га за југ“ – велат дека Преспанскиот договор има и позитивни страни, па за разлика од некогаш кога се шепотел македонскиот јазик, денеска работите се променети на подобро.. Се најавуваат отворања на културни центри, послобдно се говори на македонски, се пеат песни и се обновува мелосот, велат од здружението...

-Ние многу тешко го примивме преспанскиот договор, промената на името за нас беше неприфатливо, меѓутоа па од друга страна мора да се признае дека после тој преспански, тој кобен преспански договор, малку по малку грците почнаа малку попријателски спрема нас, спрема нашите таму.- Евгенија Николовска – Републичко здружение на деца бегалци – Тга за Југ

Во војната за идеали помеѓу капитализмот и комунизмот во Грција, од 1946-49, Македонците влегле во борба на страната на комунистите од ДАГ со надеж за обединување и реализација на националните права.. Војната со помош на англиоските вооружени формации, ја добиле владините сили, кои преку палење и убиства, протерале според проценкит околу 50.000 Македонци, кои никогаш повеќе не смееле да се вратат во своите родни краеви.

притисни ентер