Силна поддршка на македонските евроинтеграции, упати шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, за време на денешната посета на Македонија.
Сигурни сме и длабоко веруваме дека преговорите со Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, изјави тој на заедничката прес-конференција со македонскиот колега, Бујар Османи.
Во однос на економската соработка, Дендиас најави дека голема грчка компанија има голем интерес да инвестира во земјава, а се однесува на станица за производство на електрична енергија, во вредност од 200 милиони евра. Министерот Османи, пак, од своја страна нагласи дека радуваат податоците за економската соработка меѓу двете земји, чија меѓусебна трговска размена годинава се очекува да надмине една милијарда евра.