Демерџиев во Скопје на средба со министерот Спасовски

На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се преземат по повод претстојното чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев.

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев со придружна делегација, денеска, ќе престојува во работна посета на Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се преземат по повод претстојното чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев.

И бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера во интервју за Бугарската национална телевизија потврди дека денеска во Скопје ќе допатуваат министерот Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Како што соопшти МВР, изјави не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

По седницата на Советот за безбедност на Република Македонија, минатата недела, шефот на државата Стево Пендаровски на прес – конференција изјави дека според сите проценки одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари, ќе биде настан од висок безбедносен ризик. Најави дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки за да има мирно и достоинствено одбележување на 151-годишнината од раѓањето на Делчев.

И премиерот Димитар Ковачевски, минатата недела од собранската говорница изјави дека Министерството за внатрешни работи е задолжено да организира мирно чествување и дека за таа цел МВР веќе ги презема потребните активности.

Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Директорот на Националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари донел одлука со која се забранува организирање на туристички активности - скијачки тури со ратрак на територија на националниот парк.

Според образложението во одлуката, мерката се воспоставува заради спречување на оштетувањето и уништувањето на биолошката и пределска разновидност, деградација на почвата и губење на нејзината плодност и оштетување врз живеалиштата квалификувани во Планот за управувањето со Националниот парк Шар Планина.

- Ратраците се идентификувани како едни од потенцијалните најголеми закани за заштитеното подрачје со оштетувањата кои ги прават машините во услови на недоволна снежна покривка. Во неколкуте контроли извршени на теренот на кој се организираат ваквите активности евидентирана е потребата за регулирање на оваа дејност. Мерката се воспоставува со цел да се обезбедат поволни услови за заштита и унапредување на природата се до моментот на спогодба за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу вршители на дејноста и ЈУНП, се наведува во одлуката потпишана од директорот Дехари.

Одлуката се однесува на неопределен временски период, со исклучок од 20 до 25 март за терени на северната страна на кои имаа доволна снежна покривка за завршување на скијачката сезона.

Светска банка: Потребни се 7,9 милијарди долари за реконструкција по земјотресите во Сирија

Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година.

Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година, а средствата за опоравување и обнова се проценуваат на повеќе од 7,9 милијарди долари во текот на три години.

Во извештајот на Светската банка за земјотресите што ги погодија северна и западна Сирија на 6 и 20 февруари, се проценува дека тие предизвикале штета од 3,7 милијарди долари и уште 1,5 милијарди долари економски загуби.

Светската банка претходно предвиде пад од 3,2 отсто на економското производство на Сирија оваа година поради континуираните завојувани конфликти, високите цени и недостигот на жито и енергија, како и вода, кои го ограничуваат одгледувањето култури.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери

Додека Артан Груби е Вицепремиер, брат му Ветон добива тендери од 1 милион денари, ДКСК и ЈО да реагираат.

Додека Артан Груби е Вицепремиер, Ветон Груби преку неговата фирма ЕТЦ Травел ДООЕЛ добива државни тендери.

Над 1 милион денари во период од две години од владата и министерството на Груби се префрлени на фримата на братот на Артан, Ветон Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ.

Имено во период од 2020 до 2022 година, во вкупно 8 трансакции, се префрлени над 1 милион денари на туристичката агенција ЕТЦ Травел ДООЕЛ од владата и министерството на Груби.

Тоа е истиот оној брат на Артан Груби кој се стекна со дуќан на улица Македонија по цена од 700 евра за метар квадратен.

Јасна е намерата, уште појасна е братската врска, а најочигледен е судирот на интереси. Целта е да владее криминалот и корупцијата, да се позиционира мрежата насекаде.

Време е ДКСК, ЈО и институциите на прогонот да почнат да ги применуваат законите, зошто тоа е нивна законска обврска, за чие не исполнување еден ден ќе понесат одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер