Демант на МЗ : Не постои илегална вакцинација

Министерството за здравство жали што најголемата опозициска партија во државата во период на воведување КОВИД вакцинација шири лажни вести, со кои ја манипулира јавноста вадејќи од контекст изјава на премиерката на Република Србија.

Очигледно е дека ова монтирано видео е со единствена цел да создаде неоснована паника која може да има долгослежни поседици и врз здравствениот систем и врз колективното здравје на граѓаните. Министерството за здравство најостро ги демантира лагите денеска изнесени од страна на портпаролот на опозицискиата партија, а претходно објавени на социјалните мрежи од пратеник на истата партија. Ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација, ниту било што поврзано со јавното здравје се прави на нетранспарентен начин. Вакцинирањето во Република Северна Македонија ќе започне во февруари. Министерството за здравство води преговори за да обезбеди вакцини по три механизми, Ковакс, директни преговори и преку солидарниот фонд на ЕУ.

Министерството за здравство и Националната техничка работна група за КОВИД вакцинација изготвија оперативен план за вакцинација во кои се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. Со ваквите манипулативни видеа, свесно опозициската партија сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација.

Министерството за здравство бара итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот да се извинат јавно. Апелираме до јавноста да не ги зема предвид лажните информации. Од почетокот на ковид кризата министерството за здравство информира точно навремено и целосно транспарентно и така ќе продолжи и понатаму. Министерството за здравство ги повикува надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника.

Министерство за здравство

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер