Делови од Македонија од денеска во портокалова и жолта фаза

Македонија влезе во топлотен бран, југот и југоистокот на земјата е во портокалова фаза, а на сила се препораките за заштита на населението.

Делови од Македонија од денеска во портокалова и жолта фаза

Во Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран се препорачува, ослободување на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во градинките пак, да не се изнесуваат децата на отворено, а се потсетуваат и работодавачите од производните и технолошките процеси да ги почитуваат законските прописи...

- Ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во градинките да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11.00 до 17.00 часот, Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи да помагаат на осамени, стари, изнемоштени и на бездомни лица. Исто така со препораките се потсетуваат работодавачите од производните и технолошките процеси на обврската за почитување на законските прописи.

Во местата со жолта фаза како Скопскиот регион пак, ќе важат општите препораки како што се консумирање на лесна храна, поголемо внесување на течности, носење на лесна облека, избегнување престој на отворено од 11 до 17ч....Зголемен е и бројот на повици во итната медицинска помош посочува д.р Ѓорѓи Карамановски од поликлиниката Букурешт. Најчести се повиците за колапси и губење свест на јавни места, па затоа тој апелира особено внимателни да бидат хронично болните лица.

- Ако почувствуваме дека имаме некаква вртоглавица, нестабилност или состојба каде чусвствуваме дека губиме свест прво и основно е да си помогнеме самите на себе, да се тргнеме некаде на страна, да седнеме, да се раскопчаме и ако е можно и да легнеме, нозете да бидат малку повисоко во однос на телото, да се напиеме течност ако има нешто солено да каснеме на тој начин ќе го покачиме притисокот. - Д-р. Ѓорѓи Карамановски – поликлиника Букурешт

Повеќе фонтани и дрвја, бараат граѓаните за справување со топлотниот бран. Оние кои ги анкетиравме се пожалија и на состојбата со фонтаните во градскиот парк во Скопје, со оглед на тоа што има неколку што воопшто не се во фукнција.

- Нормално дека треба повеќе да има и да ги одржуваат, инаку никој не ги ни одржува се се распаднати, некои се искршени неможеш да се напиеш вода. - Повеќе фонтани и повеќе дрвја, бидејќи местата каде што има повеќе дрвја како што е овој дел имаме природна сенка и е издржливо и убаво . Може да се пошуми тој појас што е покрај кеј, има простор за тоа и ќе биде се поразлично, барем неколку степени ќе се намали температурата.

Од УХМР најавуваат дека високите температури наместа и до 40 степени ќе се задржат до четврток, по што во петок ќе следува пад на температурите и дождливо време.

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДС нема крај, сега се зголемуваат платите

Лицемерието на СДС нема крај, сега се зголемуваат платите, а пензионерите за 6 месеци имаат повисоки пензии за 5.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДС нема крај, сега се зголемуваат платите

СДС се прават слепи и глуви при очи и уши.

Совет до СДС, прво слушнете и прочитајте какви активност има Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па потоа излегувајте во јавност.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите во образованието, во здравството, пензионерите за неколку дена ќе ги добијат и преостанатите две и пол илјада денари или во рок од половина година добија повисоки пензии за 5.000 денари.

Додека СДС беше на власт животниот стандард на граѓаните беше крајно намален.

СДС од опозиција бара нула данок на основна храна, а СДС кога беше власт го зголеми ДДВ за храна за 5 проценти.

СДС и деновиве покажува дека има две лица низ случајот со Јон Фрчкоски. Од една страна се бори за правда, од друга дозволува користење на психотропни сусптнаци.

И на изгубениот СДС денес му паѓа на памет да зборува за што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги троши парите.

СДС кој ги крадеше граѓаните и државата во моментов нека се консолидира и освести, па потоа да коментира во јавност.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

ЈО: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот.

ЈО: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.

Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко.

Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место.

Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена.

Јавно обвинителство Скопје

СДСМ: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски

Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски, додека собира донации за жртвите од Кочани

СДСМ: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски

Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети.

Во време на тага и болка на народот, за власта биле најважни анкетите.

Toa што нема опрема за пожарникари, што нема доволно екипи не е приоритет, рејтинот на Мицкоски е приоритет.

Тендерот за испитување на јавното мислење кој тежи 400.000 евра го добива нивната омилена агенција Маркет Вижн.

Агенција која редовно спроведува анкети со кои убедува дека Мицкокси е најдобар политичар.

Граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција.

Додека работниците, лекарите и наставниците добиваат пониски плати од ветеното, додека пензионерите едвај врзуваат крај со крај, додека младите бегаат од државата – Владата има пари само за мерење популарност и политичка пропаганда.

Ова е бесчувствителност во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага за трагедијата. Ова е доказ дека за оваа Влада, приоритет не се луѓето, туку рејтингот.

Истата таа Влада вели дека нема пари за зголемување на плати, повисока финансиска поддршка за студентите, пари за субвенции на цените на струја и храна.

Власта нема пари за стипендија за младиот херој Јован, таа е обезбедена од приватници, ама има 400 илјади евра за анкети. Пари нема за ништо освен за рејтингот на Мицкоски.

Оваа набавка од 400.000 евра само потврдува дека се што ДПМНЕ објавува како наводен рејтинг е лажна слика, платена од граѓаните.

Целта е една – да се замајува јавноста. Да се манипулира народот, со добро познатите режимски методи за создавање лажна, извитоперена слика за реалноста.

Ова е пример за погрешниот систем којшто мора да се промени.

Прес конференција на СДСМ, Кристина Костова - потпретседателка

СДСМ

притисни ентер