Делегација на ЕУ: Промената на Уставот е суверен избор на државата

Моделот за промена на Уставот е суверен избор на државата, велат од делегацијата на Европската унија во земјава на прашање на Канал 5 околу предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватскиот модел во однос на преамбулата..

Делегацијата на Европската Унија во земјава не сака да го коментира предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за промена на македонскиот устав по хрватски терк ... Оттаму за Канал 5 велат дека Промената на Уставот е суверен избор на државата и дека нема да коментираат поеднечни изјави.

„Промената на Уставот е суверен избор на државата. Нема да коментираме поединечни изјави.

Инаку, претходно, токму евроамбасадорот Дејвид Гир во неколку наврати го посочи хрватскиот Устав како пример и аргумент за внесување на Бугарите во македонскиот устав.. Денеска, пак, Гир рече дека тоа го споменувал само како илустрација...

„Се разбира дека секоја земја си има свој Устав во зависност од спецификите и според околностите коишто секоја поединечна држава ги има. Ние понекогаш го споменуваме Уставот на Хрватска само како илустрација дека има многу различни етнички заедници, повеќе од 20 вклучувајќи ги Бугарите, Албанците и Македонците за Устав кој е позитивен пример и кој покажува дека вклучувањето на овие заедници не го загрозува националниот интерес или идентитетот“, рече Гир.

Во меѓувреме, од Министерството за правда за Канал 5 најавуваат дека утре ќе упатат покани до сите парламентарни партии за учество во работната група, а велат дека веќе е разговарано и со екперти по уставно право кои би ги изготвиле амандманите.

Дали ВМРО-ДПМНЕ е подгтовено својот предлог да го брани во тоа тело, како што ги повикаа од СДСМ и ДУИ, одговор од партијата нема... Од таму, веќе трет ден ги повикуваат владеачките партии да се изјаснат за предлогот на нивниот лидер Мицкоски...

„Во уставот на Република Хрватска јасно пишува НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА, а во уставот на Република Македонија ДЕЛОВИ ОД НАРОД. Разликата е голема - македонскиот народ е изедначен со останатите народи кои живеат во Македонија, за разлика од националните малцинства во Хрватска. Во Хрватска јасно пишува дека е национална држава, за разлика од Македонија која е воспоставена како граѓанска држава“ вели Митева.

Инаку, хрватскиот устав ја дефинира земјата како национална држава на Хрватите и националните малцинства што живеат во неа. Македонската преамбула беше речиси иденстична со хрватската во првиот Устав од 1991, во кој државата беше дефинирана како национална држава на маедонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност со Албанците, Турците, Власите и другите националности... но оттогаш претрпе 2 измени по рамковниот и преспанскиот договор и сега Преамбулата гласи дека Македонија е држава на македонскиот народ и дел од албанскиот, турскиот, влашкиот , српскиот, ромскиот, бошњачкиот и другите народи.

Американка заработува 4 милиони долари месечно на сајт за возрасни: Христијанка сум и девица

Таа е најуспешната корисничка на OnlyFans, заработувајќи неверојатни 3,2 милиони фунти месечно - но Софи Рајн, 20-годишната девојка од Флорида, исто така е посветена христијанка и тврди дека сè уште е девица.

Оваа девојка заработила неверојатна сума пари за само една година на платформата за содржини за возрасни – сето тоа без никаков секс. „Јас сум девица. Сè уште сум девица, до ден-денес“, рече Софи на подкастот.

Покрај тоа, таа рече и дека е посветена христијанка. „Не правам ништо со никого на моите OnlyFans. Тоа сум само јас“, додаде таа. Софи може да се пофали со повеќе од девет милиони следбеници на TikTok, пет милиони на Instagram и три милиони на Snapchat.

Еден анонимен обожавател, маѓепсан од младата инфлуенсерка, потрошил дури 4,7 милиони долари на нејзината содржина во последните неколку месеци, за што добил јавна благодарност од интернет ѕвездата.

Во неодамнешниот подкаст со Камила Араухо, креаторката на содржини за возрасни отворено зборуваше за нејзината заработка. Камила праша: „Свесна си дека си главна ѕвезда на OnlyFans, нели? Само треба да знам, колку заработуваш месечно?“ На што Софи, малку колебливо, одговори: „Не сакам да ти го скршам срцето“.

Но, откако на водителката ѝ го дала телефонот на кој се прикажува нејзината заработка на OnlyFans, Камила, јасно шокирана, признала: „Мислам дека ќе се расплачам... Четири милиони долари? Четири милиони долари за еден месец?“

„400.000 долари во последната недела... И повеќе од тоа“, одговорила Софи. Камила потоа ги прашала обожавателите на Софи: „Како давате толку пари? Имате сопруги, деца, поранешни партнери, сметки. Дами, ако го гледате ова, проверете го телефонот на вашиот маж, бидејќи 4 милиони долари месечно. Ќе ја најдете таа врска во неговата историја на пребарување“, заклучила таа.

Иако Софи отсекогаш сакала да стане позната инфлуенсерка, не можела да замисли дека еден ден ќе заработи милиони на OnlyFans. Таа призна: „Сè уште чекам да се разбудам од сонот. Ништо од ова не ми е реално“.

Иако Софи заработува неверојатни суми пари, кога зборува за својата иднина, таа вели дека само „ја чека вистинската личност“ со која ќе го помине остатокот од животот. Иако нема проблем да ги плати сметките, кариерата не ѝ го олеснила пронаоѓањето на мажот од соништата.

Таа претходно изјави за Џем Прес дека нејзината работа ѝ го отежнува излегувањето и изразила фрустрација од додворувачите кои „сакаат да излегуваат со неа само поради нејзиното тело, а не поради тоа што е како личност“. Иако, според извештаите, Софи од Тампа пораснала на социјална помош, таа сега ги користела своите приходи за да им помогне на нејзините родители да ги платат долговите.

Таа гордо изјави: "Сега моите родители не мора да живеат од плата до плата. Тоа е сè што некогаш сакав да го правам и тоа е една од главните причини зошто го правам тоа што го работам. Ги гледав како се мачат додека растев. Погодивте, а тие не го заслужија тоа“.

Поради својата провокативна работа, Софи често се наоѓа на удар на интернет тролови. На платформата X, Софи му одговори на еден корисник кој напиша: „Ве молам, престанете да ги нарекувате проститутките „модели“. Ви благодариме“.

Но, се чини дека на Софи не ѝ пречат ваквите коментари на интернет, бидејќи таа одговори: „Можете да ме викате што сакате. Ќе се смеам на пат до банката“. Покрај соочувањето со скептиците, Софи мораше да ги предупреди обожавателите и за корумпирани поединци кои ги користат нејзините фотографии за да измамат наивни мажи.

„Сметам дека е крајно морничаво да гледам како моето тело или лице го користи некој друг. Луѓето се преправаат дека сум јас за да ги измамам наивните мажи и да вадам пари од нив“, ја откри својата загриженост во подкастот.

Го чекале таткото да се врати, кога дознале страшна вистина: Летот му бил резервиран по смртта

Летот на убиениот татко за дома од Шпанија бил резервиран по неговата смрт.

Џон Џорџ (37) исчезнал на крајот од неговото тринеделно патување во Аликанте. Тој требало да се врати дома во Белфаст со авион на 18 декември, соопшти неговото семејство, но никогаш не се качил на летот.

Кога последен пат се слушнал со семејството на 14 декември, звучел нервозно. После тоа, неговиот телефон замолкнал.

Алармот се вклучил откако Џон, татко на две деца, не се вратил дома. Сепак, дотогаш тој бил мртов веќе четири дена, застрелан и убиен вечерта на 14 декември.

Шпанската полиција открила дека неговиот лет на easyJet од Аликанте до Белфаст бил резервиран откако бил убиен, објави Метро.

Речиси еден месец откако е убиен, неговото тело во распаѓање било пронајдено под дрвја на приватен имот во руралните средини Рохалес, 45 минути јужно од Аликанте.

Маж (32) е уапсен под сомнение за убиство откако телото на таткото било пронајдено на 6 јануари. Во меѓувреме тој е пуштен откако платил кауција, додека полицијата трага по уште две лица.

Метро пишува дека обдукцијата се уште не е завршена, а Џон ќе биде погребан следната недела откако неговото тело ќе биде префрлено во Белфаст.

Мотивот за убиството се уште не е познат, додека истрагата продолжува.

Мајка од Австралија го труела своето бебе, го снимала додека се грчело и снимките ги продавала

Мајка од Австралија е обвинета дека ја злоставувала својата едногодишна ќерка, ја труела и потоа поставила нејзини снимки на интернет.

Таа на интернет поставила снимки од својата ќерка, за која тврдела дека е болна, а потоа од своите следбеници барала пари, објави Њуз18.

Полицијата во Квинсленд соопшти дека 34-годишната жена ѝ дала на својата ќерка неколку лекови без рецепти.

Злоупотребата на девојчето ја откриле лекарите во болницата, кои сомнителниот случај веднаш го пријавиле во полиција.

„Додека детето имало болки, таа го снимала, а потоа снимката ја објавила на социјалните мрежи. На овој начин го привлекла вниманието на луѓето, кои ѝ платиле пари за лекување“, се вели во полициското соопштение.

Жената, чиј идентитет не се соопштува, е уапсена и обвинета за пет точки за труење дете, злоупотреба и експлоатација на малолетно лице.

Полицијата соопшти дека ќе направи сѐ за да го спаси детето од опасност и да ги повика на одговорност сите престапници.

Се очекува жената утре да се појави пред судот во Бризбејн.

притисни ентер