Делегации на СДСМ ќе го одбележат 2 Август-Денот на Републиката

Во чест на големиот државен празник, 2 Август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од Сања Лукаревска, членка на Централниот одбор на СДСМ и Мартин Костовски од ОО СДСМ – Куманово.

Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на СДСМ Душко Весковски, придружуван од Оливера Чавкар, членка на ЦО на СДСМ и Трајче Калевски ќе положат свежо цвеќе во 10.30 часот пред гробот на Никола Карев и пред споменикот на Слива „На хероите на Слива" и во 11.45 часот пред споменикот на Мечкин Камен.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав од поптртседателот Коста Петров и Марија Георгеивска, претседателка на ОО СДСМ Карпош во 9.15 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 9.35 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во Смилево, делегација на СДСМ предводена од членот на Извршниот одбор на СДСМ Васко Талевски, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред "Даме Груев".

Италијаните му продале заштитен остров на Украинец за 10 милиони евра

Италијанскиот остров Галинара во Лигурското Море е продаден за повеќе од 10 милиони евра на украинскиот бизнисмен Александар Богуслаев, јавија денес италијанските медиуми.

Според Кориере дела Сера, Богуслаев (42) е син на украинскиот претприемач и политичар Бијачеслав Богуслајев, сопственик на компанија која била лидер во производството на мотори за авиони и хеликоптери.

Куќите во форма на желка на островот, кои се наоѓале на 1,5 километар крај брегот на Лигурија меѓу Аласија и Албенка, некогаш припаѓале на Римокатоличката црква, а во последните 150 години на богатите банкари и индустријалци, бидејќи биле приватизирани.

Весникот наведува дека тој потпишал договор со претставниците на девет семејства од Лигурија и Пиемонте, кои биле сопственици во последните 40 години.

Се додава дека Александар Богуслајев поседува недвижен имот и на југот на Франција.

Островот е прогласен за заштитен парк на природата и не е достапен за туристите , пишува„ Кориере дела Сера “.

Со комбинација на лекови, кубанските лекари ги излекувале болните од корона

Голема група кубански научници и лекари објавија студија која сè уште е препринт (не ја поминала т.н. стручна рецензија) што укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на САРС-КоВ-2 .

Заразените со коронавирусот се лекувале со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б.

Според сознанијата на кубанските научници, интерферон-терапијата „негативно“ делува на РНК во вирусите. Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус. Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.

Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите. RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.

Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентитево втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.

По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата. Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.

И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.

Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.

Запленет имотот и две телевизии на албански бизнисмен поради шверц со дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното јавно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, шуми, возила, вклучувајќи Ролс Ројс и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение, потврдени со докази дека Или Ндроки, познат и како Џамал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден како одел во полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Ндроки претходно бил уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но бил ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во кавга со градоначалникот на Тирана.

притисни ентер