Дел од странските медиуми за Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

Најголемото регионално безбедносно тело во светот се почнува денеска состанок во Македонија, среде контроверзии, при што Украина, Полска и балтичките земји го бојкотираа самитот во знак на протест поради присуството на Русија. 

АФП

Најголемото регионално безбедносно тело во светот се почнува денеска состанок во Македонија, среде контроверзии, при што Украина, Полска и балтичките земји го бојкотираа самитот во знак на протест поради присуството на Русија. Формирана во 1975 година како форум за дијалог меѓу источниот и западниот блок, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) - каде членки се и Русија и Украина - работи со големи тешкотии и тензиите се високи , особено поради руската инвазија на Украина. Москва продолжува да блокира одлуки како што се управувањето со буџетот на ОБСЕ и постигнувањето консензус за ротирачкото претседавање.

Највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, рече дека ја разбира нелагодноста на некои држави, но ја поздравува одлуката на Скопје да му дозволи на Лавров да учествува, нагласувајќи дека таа е усогласена со „заедничката цел да се одржи жив мултилатерализмот“. „Тоа ќе биде добра прилика за него (Лавров) директно да слуша од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудувана и изолирана“, изјави тој.

По неколкумесечни преговори, Малта во понеделникот се согласи да го преземе ротирачкото претседателство со организацијата следната година, наместо членката на НАТО Естонија која Кремљ отворено ја отфрли. Се очекува тоа да биде ратификувано за време на дводневниот министерски состанок.

АП

Високи дипломати од повеќе од 50 земји пристигнаа во Скопје на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, додека други го бојкотираа настанот поради присуството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Американскиот државен секретар Антони Блинкен накратко застана во главниот град на Македонија, Скопје, на средбата, но неколку часа подоцна замина за Израел. Тој не се сретна со Лавров, кој утрово допатува во Скопје. Блинкен ја обвини Русија за „флагрантно кршење на секој суштински принцип“ на напорите од Студената војна за ублажување на тензиите исток-запад што доведоа до создавање на ОБСЕ и „немилосрдни напори за опструкција на работата на ОБСЕ“. Говорејќи во седиштето на НАТО во Брисел претходно во средата, Блинкен рече дека другите земји-членки на ОБСЕ „покажуваат решителност да се осигураат дека организацијата продолжува да ја исполнува својата цел за унапредување на европската безбедност“.

Ројтерс

Земјите-членки се поделени околу годишниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа со балтичките земји и Украина кои одбиваат да присуствуваат поради присуството на рускиот Сергеј Лавров. 57-члената ОБСЕ е наследник на организацијата од времето на Студената војна за ангажирање на советските и западните сили, но сега е во голема мера парализирана од тековната употреба на ефективно вето од страна на Русија на секоја земја. САД и нивните сојузници се обидуваат истовремено да го одржат ОБСЕ во живот и да ја повикаат Русија на одговорност за нејзината инвазија на Украина. Тие присуствуваат додека ги осудуваат постапките на Москва. Прашањето на ОБСЕ одразува пошироки дипломатски прашања за Украина. Додека само Белорусија редовно застанува на страната на Русија на состаноците на ОБСЕ, овонеделните отсутни се загрижени дека посветеноста на западните сили кон Украина се колеба. САД се трудеа да ги смират додека тврдеа дека ОБСЕ, која ги поддржува стандардите со кои Русија се согласи, е вистинското место за да се бара одговорност од Москва. „Пред се... немаме планирани интеракции со Русија. Исто така, нема да прифатиме никакво враќање на бизнисот како и обично во средината на оваа агресија, која резултираше со најголемата копнена војна на европскиот континент од Втората светска војна, изјави американскиот амбасадор во ОБСЕ Мајкл Карпентер.

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов потврди дека издал налог за вонреден инспекциски надзор во прилепската болница за случајот со двете новороденчиња близначиња кои починаа пред четири дена.

-Издадов налог и денеска ќе се изврши вонреден инспекциски надзор во болницата. Ќе се проверува сета документација врзана со новороденчињата. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе имаме извештај за надзорот на инспекторатот, рече Лазов.

Јавниот обвинител при прилепското основно јавно обвинителство Стевчо Биноски ја побарал документацијата од болницата и од службата на Итната помош која интервенирала во семејниот дом во прилепското село Славеј од каде било пријавено дека бебињата се во тешка здравствена состојба и била побарана лекарска помош.

-Се чека наодот од обдукцијата на бебињата. Ја очекувам и медицинската документација од болницата и од службата за итна помош за потоа да побарам искази, рече Биноски.

Од Центарот засоцијални работи информираа дека нивна екипа и денеска го посетила семејниот дом на младите родители во Славеј за да видат во какви услови е домаќинството каде сега се другите три деца на младата брачна двојка.

Бебињата, машко и женско се родиле на 30 декември во прилепската болница како недоносени, во 34 гестациска недела и со тежина помала од два килограми. Како што информираа од Болницата, на 10 јануари мајката, на своја одговорност, заминала со бебињата од болницата кои биле во добра општа состојба. Во четвртокот родителите повикале Итна помош зашто бебињата биле во тешка здравствена состојба. Едното бебе, машко, починало во домот, а другото во прилепската болница. Лекарите се обидувале да го реанимираат и да го затоплат, но безуспешно.

-На 16 јануари во 10,45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче, известија во петокот од Болницата за трагичниот случај.

Извештајот од вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го очекува и основното јавно обвинителство.

Русин со лажен пасош украл 190.000 евра од туѓа сметка

 Во Санкт Петербург, Русија, уапсен е маж осомничен дека украл 20 милиони рубљи (околу 190.000 евра) од сметка во Москва, со лажен пасош, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.

„Осомничениот ја искористил својата физичка сличност со сопственикот на сметката за да украде пари... Осомничениот прво извадил лажен пасош со своја фотографија и туѓите лични податоци, а потоа од мобилниот оператор на кого му го покажал лажниот документ побарал дупликат од СИМ-картичката што наводно ја изгубил“, напиша Волк на „Телеграм“.

Според наводите, против уапсениот е поведена кривична постапка.

Таа посочи дека осомничениот потоа користел мобилна апликација за да ги добие потребните информации за банкарските сметки и од нив подигнал околу 20 милиони рубљи. Потоа, се наведува, им ги испраќал парите на своите соучесници.

Папата Франциск го нарече „срамен“ планот на Трамп за депортирање имигранти

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ја критикуваше најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека, откако ќе ја преземе функцијата, ќе иницира построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации.

Во интервју за италијанскиот телевизиски канал Канале 9, папата Франциск рече дека би било „срамота“ доколку Трамп продолжи со најавениот план, пренесоа денеска светските агенции, додавајќи дека употребата на груби зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Римокатоличка црква.

Тој смета дека овој план ќе им овозможи на „мигрантите, кои немаат ништо, да платат неплатена сметка“.

„Тоа не функционира. Така не сe решава проблемот“, рече папата.

притисни ентер