Дел од штедачите обесштетени од Еуростандард банка одлучуваат парите да ги чуваат во друга банка

Во четирите банки, Комерцијална банка, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка и Халкбанк од вчера се врши обесштетување на депонентите во пропадната Еуростандард банка. 

Дел од обештетените штедачи одлучуваат повторно да ги чуваат своите пари во некоја од банките, а процесот на обесшетувањето според информациите од банките течел непречено и без застој.

На депоненетите во Еуростандард банка им се враќа износ до 30.000 евра или 1.850.889 денари. Може да го подигнат најдоцна 36 месеци по почетокот на обесштетувањето. Во Комерцијална банка се обесштетуваат депонентите чие презиме почнува на буквите А, Б, В, Г и Д, преку НЛБ Банка оние чии презимиња почнуваат на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ, на депонентите на кои им почнува презимето на М, Н, Њ, О, П и Р се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија и депоненетите со презимиња на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш во експозитурите на„Халкбанк" АД.

Исплатата, како што информираат за МИА од банките преку кои се врши обесштетувањето на штедачите, се врши тековно и брзо, има мало задржување кај оние кај кои е потребно да се отвори сметка.

Од Стопанска банка информираат дека на првиот ден од почнувањето на овој процес преку филијалите на Банката е извршено обесштетување на околу една четвртина од износот наменет за обесштетување.

-Започна обесштетувањето на депонентите од Еуростандард банка, за сите физички лица и самостојни вршители на дејност чиешто презиме т.е. чиј регистриран назив започнува на буквите: М, Н, Њ, О, П, Р. Обесштетувањето се вршеше за износи до 30.000 евра во денарска противвредност, во согласност со интерните процедури и важечката регулатива. Обесштетувањето се врши во сите филијали на Стопанска банка и истото во текот на целиот ден се одвиваше непречено и во најдобар ред при што првиот ден се изврши обесштетување на околу една четвртина од износот наменет за обештетување. Голем дел од клиентите кои беа обесштетени одлучија да ги депонираат средства на некои од депозитните производите од актуелната понуда на Банката, информираат за МИА од Стопанска банка АД Скопје.

Без проблеми, непречено и без големи гужви поминал денот и во Халкбанка.

-Денот поминал непречено, без големи гужви во филијалите и без никакви проблеми. Од вкупниот број распределени клиенти вкупно 32.000, вчера во филијалите се јавиле само мал број 415 кои ги примиле своите исплати. Непречено и во наредните денови се очекуваат клиентите да доаѓаат и да бидат опслужени нанајдобар можен начин, велат за МИА од Халкбанк.

Депонентите од Еуростандард банка за да го оставарат правото за обесштетување им се издава во банката-исплаќач потврда за сопственост на депозитот. Потврдата ја подига и потпишува на шалтер во банката исплатувач каде е распределен за подигнување на средствата. Банките – исплатувачи вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во потврдата, со приложување важечки документи за идентификација.

Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во „Еуростандард банка" АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, банките – исплатувачи можат да вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на полномоштво заверено од нотар. Во случај кога сопственикот на депозитот е починато лице, неговите наследници треба да се обратат во Фондот за осигурување на депозити и да приложат документи за идентификација и наследно решение со цел да се спроведе исплатата на обесштетувањето.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август годинава. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Во случај депонентот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

По истекот на овој временски период (3 години), депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките – исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

Народната банка ја затвори Еуростанадард банка на 12 август годинава поради неисполнување на минимални законски услови за работење. Треба да бидат обесштетени депозити во износ од околу 4,4 милијарди денари./МИА

Момче чувало 110 мачки во стан,здруженијата во паника

Здруженијата за заштита на животните во јужна Шпанија, во регионот на Валенсија, итно бараат привремени или трајни домови за 110 мачки откако нивниот сопственик е протеран од станот каде што живеел, пишува Гардијан.

Вработените во Спаме Сафор, засолниште за животни во југоисточниот шпански град Гандија, првично мислеле дека има 'само' 96 мачки, но вчера вечерта здружението објави дека засолниле вкупно 110 и сега итно бараат помош во нивна грижа барем ддоека се вакцинирааат или стерилизираат.

Мачките останале без сместување откако нивниот сопственик,заедно со мачките беше протеран од станот од 100 квадратни метри во кој живееле.

- Се чини дека сопственикот посвоил неколку мачки пред три години и оттогаш тие постојано се размножувале, вели Салвадор Тормас, вработен во засолништето за животни.

Здружението се пожали дека немаат доволно простор за сите мачки затоа што веќе се грижеле за околу двесте мачки.

Тормас вели дека во петокот зеле 48 мачки, а во саботата дошле да ги земат другите за да му помогнат на нивниот сопственик, кого го опишале како помлад маж.

- Тоа е катастрофа. Некој требаше да му помогне на тој човек, рече Тормас.

Вработените во прифатилиштето ги повикаа локалните власти да помогнат во грижата за животните и тие сега работат од утро до вечер за да обезбедат сместување за мачките и побарале помош од неколку помали здруженија.

Успеал да го уништо Мустангот на празен паркинг(ВИДЕО)

Ford Mustang и неговите возачи во Америка имаат лоша репутација. Не поминува ден ако некој не се судри, понекогаш на особено имагинативен начин.

Постојат безброј случаи на сообраќајни несреќи во кои е здробен Мустанг, и тоа редовно како резултат на грешка на возачот. Тешко е да се каже дали станува збор за еден вид нервоза, тенденција за претерување, недостаток на претпазливост, но најчесто е сето тоа заедно.

Најновото видео покажува како еден сопственик на „Мустанг“ снима неодговорен возач на Мустанг. "Еве зошто возачите на Мустанг имаат лоша репутација. Излегов со девојката на еден од моите омилени паркинзи, а потоа се појави момче со Мустанг 5.0 и реши да направи "дрифтови", напиша Брајан Калдерон во описот на видеото. Тој продолжил да снима и секако, не долго после тоа, на забавата и дојде крај. Возачот флертувал, а Мустангот го заврши својот танц во бандера.

Регионални избори во Италија, се гласа и за намалување на бројот на пратеници

Италијанците започнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на регионалните избори, од кои најважни се оние во Тоскана, за кои аналитичарите велат дека може да го сменат изгледот на крајната десница.

По пандемиите и карантините, ова е прв тест на државно ниво за владата на премиерот Џузепе Конте составен од левичарската центристичка Демократска партија и популистичкото Движење Пет Sвезди.

Изборите исто така може да бидат исклучително важни за крајната десница со Лига на Матео Салвини. Доколку победи на изборите во Тоскана, инаку упориште на левицата, тој би го вратил статусот лидер на десницата, но евентуалниот пораз ќе ги зајакне неговите опоненти.

Гласачите со маски ќе излезат на гласање денеска и утре, бидејќи расте бројот на заразени. Во моментов има помалку нови инфекции на ден во Италија отколку во Велика Британија, Франција или Шпанија, но сепак има повеќе од илјада.

Регионалните избори ќе се одржат во Кампанија, Лигурија, Тоскана, Апулија, Венето и во провинциите Марко и Вале д'Аоста.

Помеѓу парламентарните избори на почетокот на 2018 година и пандемијата, десницата победи на регионални избори во осум од девет провинции, делумно поради неможноста левицата да учествува со еден кандидат. Експертите предупредуваат дека слична работа може да се случи и сега.

Најважните избори се во Тоскана, со која владее левицата 50 години. Најновите анкети покажуваат дека трката ќе биде тесна.

Левиот блок се очекува да ја задржи власта во јужната провинција Кампанија, но десничарската коалиција на Лига, екстремно десничарската партија Браќа на Италија и партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, може да победат во соседна Апулија.

Се очекува десницата непречено да победи во своите упоришта, северните провинции Венето и Лигурија, а левицата ќе ја преземе власта во Марка.

Паралелно , се гласа и за референдум за намалување на бројот на членови на парламентот - од 630 на 400 во долниот дом и од 315 на 200 во Сенатот. Референдумот се очекува да помине.

притисни ентер