Дел од Пржино утре без вода

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од високата зона во населбата Пржино и од улиците „Тодор Александров" и „Славејко Арсов".

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок на улицата „Тодор Александров" 77.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. 

притисни ентер