Дел од Општина Гази Баба утре без вода

Прекинот е поради санирање дефект на булеварот „Александар Македонски" 

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на булевар „Александар Македонски", дел од „Шеснаесетта македонска бригада", ниската зона од улицата „Јани Лукровски" згради 4,6,8, дел од улицата „Благоја Стефковски", Средното училиште „Михајло Пупин". Намален притисок ќе имаат корисниците од населбата Маџари.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје, прекинот е поради санирање дефект на булеварот „Александар Македонски" без број во населба Автокоманда.

На терен ке има и цистерна со питка вода. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. /МИА

Санкционирани 56 возачи за брзо возење во Липково

 Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина над дозволената на територија на општина Липково. 

Санкционирани се 56 возачи, а изречени се и 17 санкции за други прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведоа дека продолжуваат со засилените акциски контроли во сообраќајот.

– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, истакнаа од МВР.

Видео-Фото: Милијардерка во минијатурно бикини

Фотографија од 10 милиони лајкови, милијардерка во минијатурен костим за капење, но сите гледаа во базенот зад неа.

Најмладата милијарерка во САД, реалите ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер за момент не е во центарот на вниманието, „шоуто“ и го украде нејзиниот базен?!

Кајли уште еднаш освои астрононски број на лајкови на социјалните мрежи со една објава .

Но, сега најголемиот број од добиените лајкови не се поради нејзиниот атрактивен изглед, шминка, бујни облини...

Фановите најмногу гледале во базенот на Кајли а не во нејзините силикони, тоа го покажуваат 7 милиони прегледи на нејзиното видео.

Во Србија 1483 новозаболени, 19 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 9434 лица, од нив позитивен тест на коронавиурусот имале 1483, од последици предизвикани од корона починале 19 лица.

Според последите податоци од Министерството за здравство на Србија и Институтот „Батут“ во болниците низ земјата на респиратор се вклучени 165 пациенти.

Најголем број на новозаболени има во Белград 411, потоа Ниш, 51, Ужице и Краљево 42...

притисни ентер