Декларација до ЕУ од страна на МАЕИ

Денеска на прес конференцијата во Корча партијата Македонска алијанса за европска интергација на прес конференција соопшти дека упатува декларација до Европската Унија



Партијата наведува дека во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и еѓипјанско малцинство!

Напорите за признавање на непостоечко “бугарско малцинство“ во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината!

Во Албанија нема бугарско малцинство. Такво малцинство има во главите на бугарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ во целина, се наведува меѓу другото во реакцијата.

притисни ентер