Декларација до ЕУ: Македонците во Албанија не се Бугари

Партијата македонска алијанса за европска интеграција како единствена македонска партија што ги преставува интересите на македонскиот народ во Албанија го подржува прогрес-извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска унија но е длабоко вознемирена и протестира за содржината на извештајот каде се споменува дека во Мала Преспа , Голобрдо и Гора наводно постои булгарско малцинство предложено од булгарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски.

Партијата македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори е македонско малцинство официјално признаено во Преспа но не и во регионот на Голобрдо и Гора.

Македонците во Албанија не се „Бугари“. Во Албанија живее македонско , грчко, српско-црногорско , влашко , ромско , босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко булгарско малцинство во Албанија ги сметаме како фалсификат на историјата и на вистината.

Партијата македонска алијанса за европска интеграција прогрес-извештајот на албанија за интеграција на Република Албанија во Европска унија одобрен од европскиот парламент во делот каде се бара признавање на бугарското малцинство во Преспа, Голобрдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, универзалната декларацијата на човековите права и слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото.
притисни ентер