Дебата: Реформите не се прават за влез во ЕУ и НАТО, туку за граѓаните

 Потребата од реформи во јавната администрација постои, но овие реформи не се прават заради влез во Европската Унија, не се прават за НАТО, туку за граѓаните.

Истакнаа дел од учесниците на денешната панел дискусија „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не? што се одржа во Скопје.

-Јавниот сектор треба да престане да биде сервис на владата, туку да биде сервис на граѓаните. Јас постојано, 40 години зборувам за реформи во јавната администрација, но резултатите се слаби и можам да кажам дека ништо не е сработено во поглед на овие реформи. Потребата од реформа несомнено постои, рече професорот на Правен факултет „Јустинијан Први", Борче Давитковски.

Според него, недостасуваат капацитети за спроведување на реформите и тоа, како што додаде, и самата влада го призна со јавниот повик дека сега треба да се компензираат сите постоечки капацитети за да помогнат да се реформира јавниот сектор.

-Јавниот сектор е чуден сектор. Тој многу тешко се реформира. Политичката волја се изразува декларативно за одредени работи. Ние се уште немаме единствени ставови за државните интереси, туку имаме партиски ставови. Мора сериозно да се настапи и да се сфати целосно реформата. Добро е што зборуваме, што се прават вакви дебати за да се дојде до решение. Сепак, вистинската реформа се прави на почетокот на мандат на владата. Досегашните реформи се уште не ги даваат очекуваните резултати, вели Давитковски.

Говорејќи за јавната едукација на реформите, претседателот на Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС), Александар Цветкоски посочи дека суштината на проектот е прашањето како да ги направиме реформите интересни за јавноста, да ги средат дебатните емисии и дебатните написи за реформите, за да се знае нешто барем за реформите.

-Ова е важно од причина што властите знаат дека ако граѓаните разбираат барем по нешто од реформите ќе се плашат да применуваат манипулации и реформски илузионизам. Од друга страна, новинарите велат дека добрата вест е онаа која вреди и која носи резултати. Владите знаат ако е нешто тешко за објаснување тие си прават како што сакаат, но со карикатура, со видео, со анкета, работите стануваат повидливи. Ние не сме неутрални, имаме став како организатори, рече Цветкоски.

Реформите, според него, се спори, недоволно добро органзирани и не се прават доволно промени.

Говорејќи за Специјалното јавно обвинителство, тој рече дека, не му се допаѓа тоа што нема јасни црвени линии во врска со СЈО како да се работи за некое локално обвинителство, а не за институција ставена во оваа држава како капа на демократијата и која ужива голема доверба на граѓаните и од сите други постоечки институции.

-Обвинителството треба да биде актуелен камшик на оние кои ги трошат народните пари, а ние наместо тоа слушаме дека многу пари трошеле СЈО, имале високи плати, имале голема моќ, им се плашеле сите, па фала му викам на Бога дека се плашат, затоа што за тоа ги поставивме, да трошат пари за истраги. Власта не сака да ја дели моќта со оние кои во уставот се поставени како прва и трета власт, а ниту со седмата сила туку да е тројна власт, рече Цветкоски.

Професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први" Гордан Калајџиев истакна дека веројатно кога ќе влеземе во колосекот за преговори како ученици на некој начин ќе одиме по некоја чек листа од Европската Унија.

Тој изрази надеж дека тоа ќе биде правиот пат бидејќи, како што рече „ ова е патот што ние го бираме или ни го сервираат анонимни странски сили".

-Секоја влада сака брзи решенија. Мене навистина ми е глупо што и странците притискаат на палијативни решенија. И нив им е полесно да направат „чек-чек", така правеа и со владата на Груевски, имаше напредок, напредок, напредок додека не дојде шамарот од Прибе, кој вели каков напредок во дупка или во жив песок. Така и овие притискаат да се донесе по секоја цена законот за јавно обвинителство со отворени контраверзни прашања, кои не се разрешени само затоа што законите се целта, рече тој.

Според професорката Мирјана Најчевска донесувањето на било кој законот не е крај на приказната, туку почеток на приказната.

– Донесувањето на законот не значи дека нешто сме промениле. Дури тогаш кога законот ќе биде имплементиран и практично ќе видиме промените и луѓето ќе ги почувстуваат во своето опкружување, тогаш може да кажеме дека нешто сме промениле, рече Најчевска.

Професор Никола Дујовски вели дека поарно е да задоцни носењето на законот, отколку да се донесе лош закон. Тој очекува од власта и опозицијата да постигнат договор за законот за јавно обвинителство и навреме да се изгласа законот, но тоа да не се прави по секоја цена.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, меѓу другото изрази надеж дека до крајот на овој месец ќе биде донесен законот за јавното обвинителство и дека предметите ќе останат во работа на ова обвинителство.

Панел дискусијата беше организирана од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка од Прилеп.

Норис верува во прва Ф1 победа оваа сезона

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави денеска дека неговиот настап на последната трка во Кина покажал дека може да ја оствари својата прва Формула 1 победа оваа сезона.

Норис заврши втор на кинеското ГП во Шангај минатата недела зад Макс Ферстапен од Ред Бул, порачувајќи дека и самиот не очекувал таков резултат.

Во последните 23 трки, Ферстапен забележа 21 победа и на другите возачи им е тешко да му парираат.

„Веќе реков, не ми треба поголема самодоверба. Трката во Кина тоа го докажа. На почетокот на годината реков дека мислам оти можеме да се бориме против Ред Бул и ќе можеме да победуваме. Секако тоа нема да биде лесно. Но во едно вистинско време, во добри услови и со работи што малку повеќе ќе му одговараат на нашиот болид – верувам 100 отсто во тимот и во мојата способност да го направам тоа“, изјави Норис за Скај. /МИА

Поради чести одрони во Дебарско се препорачува многу внимателно возење

Поради чести одрони и влажни коловози на патните правци, кои се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење.

- Поради обилните дождови присутни на патните правци под наша надлежност има чести, но помали одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози препорачуваме многу внимателно возење, приспособување на брзината на движење според условите на патот и строго почитување на патната сигнализација, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Екипи на секцијата се постојано на терен со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Под наша надлежност се патишта во должина од над 120 километри, делниците Дебар - Жировница (патен правец Дебар - Маврово), Дебар - Глобочица (патен правец Дебар - Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост - Центар Жупа, посочува тој.

Додава дека снегот, кој врнеше во неделата, не создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот, но придонесе за појава на одрони.

Чешка донираше инкубатор за бебиња на клиниката „Мајка Тереза“ во Чаир

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва заедно со Министерот за здравство Илир Демири официјално предаде инкубатор од чешката фирма ТСЕ Ческе Будјејовице. 

„Оваа опрема од ТСЕ е уште една потврда за пријателските врски помеѓу нашите две земји. Сигурен сум дека овој инкубатор со висока технологија понатаму ќе го унапреди угледот на клиниката во Чаир и ќе спаси многу бебешки животи,“ рече чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Финансирањето на проектот беше обезбедено од Чешката агенција за развој заедно со македонската фирма Промедика.

„Промедика во своето делување останува посветена општествено одговорна компанија учествувајќи во донација на најсовремен инкубатор за потребите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Скопје. Веруваме дека оваа донација значи многу за најмалите и најборбените пациенти, за нивните семејства и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња,“ рече Маја Николовска, директор на Промедика.

Амбасада на Чешката Република во Скопје

притисни ентер