Дебата: Расте бројот на предмети решени со медијација

Поголемиот број од испитани судии и јавни обвинители не се доволно запознаени со користењето на медијацијата во земјава и напорите за промоција и поддршка на медијацијата, а сè тоа резултира со слаба упатеност на предмети на медијација.

Сепак, сметаат дека нејзиното користење ќе помогне на правосудниот систем.

Ова беше заклучено на завршната конференција „Употреба на медијацијата – постигнати успеси и преостанати предизвици“. Со оваа конференција се финализираа низата активности од проектот „Медијација, без дилема“.

Настанот го отворија директорката на ЕПИ Симонида Кацарска, заменик-министерот за правда Агим Нухиу, амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска и националната координаторка за медијација Јелисавета Георгиева Јовевска. Тие се согласија дека има зголемување на примена на медијацијата во земјава и се согласија дека тој тренд треба да продолжи и да се засили.

Сепак, укажаа и на загрижувачкиот тренд на трговски спорови кои се решаваат со медијација за што заменик-министерот Нухиу истакна дека министерството ќе се обиде да го надмине тој предизвик со новото законско решение, кое започна да се применува од април оваа година.

Амбасадорот Јан Коп кажа дека Холандија ќе продолжи активно да ја поддржува земјава во спроведувањето на реформите на патот кон ЕУ, вклучително и на владеењето на правото, каде што улога игра и медијацјата.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители смета дека перцепцијата за медијацијата и нејзиното користење во земјава ќе се промени доколку се спроведуваат едукативни настани секоја година за судиите и обвинителите и кога тие повеќе ќе се запознаат со предностите.

Новата национална координаторка за медијација, Јелисавета Георгиева Јовевска истакна дека со јавно говорење ќе се промовира медијацијата и ќе се користи повеќе.

Конференцијата послужи и како промотивен настан за „Анализата за квалитетот на медијацијата во Македонија“,подготовена од страна на професорите Гордана Лажетиќ, Олга Кошевалиска и Лазар Нанев.

Анализата беше изработена преку анализа на дистрибуираните прашалници до сите основни судови (граѓански судови, кривични судови како и надлжени судови во постапката спрема деца), до Основните јавни обвинителства со проширена надлежност кои се надлежни во кривичните постапки спрема деца, прашалници доставени до сите медијатори регистрирани во Именикот на медијатори, барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда, како и податоци од реализирана фокус група со преставници од стопанските комори во земјава.

За слабостите и предизвиците со кои се соочуваат медијаторите говореше претседателката на Комората на медијатори, Гордана Богеска која смета дека потребно е информирање и едукација за граѓаните со цел медијацијата да стане прв избор за решавање спорови. Судијата од Основниот суд во Тетово Бетим Јахја и вишиот јавен обвинител Елвин Вели се согласија дека се потребни повеќе обуки за судиите и јавните обвинители, со цел да се запознаат со предностите на медијацијата.

На вториот дел од конференцијата говореа холандските медијатори и експерти од областа на медијацијата Хеа Ван Кломпенбург, Марјон Куиперс и Јан ван Цвитен за идентификуваните слабости во квалитетот на работата на медијаторите. Тие претходно во два наврата одржаа обуки за обучувачите за медијација во земјава, сегашни и идни, и се запознаа со структурата на медијацијата во земјава, како и со медијаторите, судиите и обвинителите кои работат на промоција на медијацијата.

Тие се согласија дека во земјава е доста направено, но и дека уште многу треба да се прави. Како идна насока, препорачаа креирање на структура која ќе вклучува подобар процес за квалитативно оценување на медијаторите, но и едуцирање за тоа што е медијација на сите слоеви во општеството, бидејќи решавањето на конфликти и спорови не треба да биде работа само за судовите и законот, туку тоа пред сè се проблеми со кои се соочуваат граѓаните во нивното секојдневие.

Конференцијата „Употреба на медијацијата – постигнати успеси и преостанати предизвици“ беше завршна активност во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“. Проектот го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комората на медијатори на Македонија и Холандската федерација на медијатори, а е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Дечанскиот манастир предупредува на дезинформации: Во манастирот Бањска не е пронајдено оружје

„Во самиот манастир Бањска и неговите простории не е пронајдено оружје. Црквата нема никаква врска со овој трагичен настан, а монасите и верниците се фатени во вкрстен оган“

Стои во соопштението на Дечанскиот манастир во врска со вчерашната вооружена пресметка во манастирот Бањска, јави дописникот на МИА од Белград.

„Вчера и денеска имаше низа дезинформации и лажни вести кои се проширија за трагичните настани вчера на Косово и Метохија. Меѓународните претставници потврдија дека косовската полиција по претресот вчера попладне открила оружје само во напуштените возила на непознати вооружени лица во близина на манастирот. Како што се наведува во вчерашното соопштение на Епархијата, вооружени лица со маски ја пробиле заклучената порта на манастирот и размениле оган со полицијата“, се наведува во соопштението од Дечанскиот манастир, предмалку објавено на Фејсбук.

„Според меѓународни извори во Косово, при претресот во манастирот и неговите објекти, не е најдено оружје. Црквата немаше никаква врска со овие трагични настани, а монасите и верниците се најдоа само во вкрстен оган. Фала му на Бога што никој во манастирот не беше повреден. Верниците од Нови Сад се очекува денеска да се вратат дома“, се наведува во соопштенеито.

Во него се додава дека злонамерните напади и ширењето лажни информации на некои социјални мрежи на Косово, кои се насочени кон СПЦ, нашите монаси и поклоници во манастирот Бањска, кои претрпеа голем стрес и поминаа низ тешка ситуација, не придонесуваат за мир, туку само ги зголемуваат меѓуетничките тензии во Косово.

СПЦ на Косово беше меѓу првите што вчера го осуди насилството на северот на Косово, повика на мир и изрази сочувство за сите што ги загубија животите.

-Нашите монаси и верници во манастирот Бањска, каде вооружена група влезе насилно бегајќи од полицијата и даваше отпор, беа изложени на директна опасност за нивната безбедност и заслужуваат солидарност и почит, наведуваат од Дечанскиот манастир, во кое се потенцира дека СПЦ останува цврсто ангажирана во решавањето на сите проблеми на Косово по мирен пат и преку дијалог.

Пациентите со дијабет се жалат на дискриминација

За дел од дијабетичарите има ленти и глукометри во инсулинските аптеки, за други нема. 

По десет месеци чекање, никако да стигнеме до нив иако државата има обврска да ни ги даде на сите, оти ние ѝ плаќаме данок, ама надлежните не испорачуваат, вели Бојан Киров. Тој 46 години живее со дијабет тип 1, а појаснува дека е гневен и разочаран и нема веќе каде да се жали, поради тоа, решил правдата да ја бара на суд. Ќе ја тужи државата, оти смета дека за дискриминацијата и прекршувањето на основните човекови права за здравствена заштита, некој мора да одговара.

Додека дел од пациентите воопшто не добиле, оние посреќните за кои во аптека имало глукометри и ленти се сомневаат во нивниот квалитет, бидејќи на нив немало ниту бар кодови, ниту декларации, а некои лентите ги добиле завиткани во ќесички, наместо во кутии. Ова го пријавиле во својот Сојуз на здруженија на дијабетичари.

Инаку, од околу 135.700 пациенти со дијабет, 45.500 се на инсулинска терапија од кои повеќе од 600 деца. Овие пациенти речиси од почетокот на годинава немаат ленти и глукометри, а кој и како ќе ја надомести материјална штета, стравот, нервозите и неизвеснота во тој период засега нема одговори од надлежните, туку само ветување од Министерот Меџити дека ова нема да се повторува.

САД острo ги осудија насилните напади врз полицијата на Косово

Повикаа на воздржаност од Белград и Приштина.

САД најостро ги осудуваат вчерашните „координирани“ насилни напади врз полицијата на Косово во близина на манастирот Бањска и изразуваат длабоко сочувство до семејството на косовскиот полицаец убиен за време на служба.

Како што изјави државниот секретар Ентоно Блинкен денеска, „сторителите на ова злосторство мора да бидат повикани на одговорност преку транспарентет процес“.

-Ги повикуваме властите на Косово и Србја да се воздржат од секакви акции и реторика кои можат и понатаму да ги разгорат тензиите и веднаш да пристапат кон координација со меѓународните партнери да се деескалира ситуацијата, да се обезбеди сигурност и владеење на правото и да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, изјави тој.

Од САД укажуваат дека косовската полција е целосно одговорна за спроведување на законот во Република Косово.

Оттаму високо ја оценуваат тесната координација на косовската полиција со мисијата на ЕУ за владеење на правото и со силите на НАТО, посебно во обезбедување сигурност за цивилите.

САД продлжуваат да го следат текот на настаните и се координираат со сите вклучени страни, се посочува во соопштението.

притисни ентер