Давчев: Мерката за замрзнување на цените треба да се продолжи за еден или два месеца

Мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи треба да се продолжи за еден или два месеца

Замрзнувањето на цената на одредени прехранбени производи е една од побрзите антиинфлаторни мерки, која служи да го заштити стандардот на граѓаните, кои живеат поскромно оцени универзитетскиот професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев"-Штип, Љупче Давчев. Според него оваа мерка би требало да има продолжување од еден или два месеца.

-Затоа што, во тој случај повторно ќе се одрази врз некои инфлаторни шокови, кои би следувале по завршување на оваа мерка. Значи имаме некој период за којшто се донесува, може да се продолжи за пократок период, но тоа не може да трае на некој среден или подолг период, вели Давчев.

Посочува дека има други механизми, кои ситуацијата можат да ја регулираат на среден или долг рок.

-Крајот на 20 век имаме намалување на производството на земјоделските производи и тоа без разлика на ковид кризата којашто дополнително придонесе во голема мера, но сепак се очекуваше зголемување на некои од основните производи и артикли. Она што е значајно што трговските ланци на маркети да таа намалена побарувачка, на тие нивни производи во маркетите, да не ја на некој начин амортизираат, со тоа што би ги зголемиле маржите на другите производи, бидејќи па тоа, после тој период ќе им се врати назад на самите трговски ланци, како бумеранг, рече Давчев.

Тој очекува наредниот период да почне намалувањето на цената на прехранбените производи, а сигналот доаѓа од Кина. Смета дека тоа ќе се почувствува и во другите делови на светот.

-Според некои очекувања е дека до средината на 2022 година, тие цени ќе почнат да паѓаат. Мое лично очекување е дека никогаш не би се вратиле на нивото, коешто беа пред ковид кризата. Меѓутоа сепак ќе има некое надолно придвижување. Она што секогаш е случај со покачување на цените на светско ниво, а ова ни е увозно покачување на цените е дека колку брзо и рапиден бил растот на тие цени, толку и брзо и рапидно ќе имаме пад на самите цени, вели Давчев.

Забележува доколку мерката за замрзунување трае дополнително уште еден или два месеца не верува дека ќе влијае врз намалување на увозот на некои стоки, коишто се увезуваат од основните производи, коишто сега цените им се замрзнати. Според него нема да се случи недостаток на производи на полиците во супер маркетите.

Прашан за ставот на одредени аналитичари дека оваа мерка треба да се надолни со други производи, кои би биле во полза на производителите на храна, за да тие во крајна линија не стават клуч на врата или прекинат со производството, Давчев со одговор дека може да се помогне со користење на државни резеврви на некои од продуктите.

-Дали во однос на намалување на одредени трошоци, давачки, коишто увозниците ги имаат во однос на определени производи, а коишто ги плаќаат на државата. Тоа се некои основни мерки, коишто државата може да им помогне на увозниците и на некој начин да ги амортизира загубите, бидејќи тие увозници и производители на овие производи можат да издржат, со своите залихи некој определен период без никаква државна интервенција. Меѓутоа потоа државата ќе мора до некаде да интервенира, ако сака да го продолжи овој период на фиксирање на цените, вели Давчев. /МИА.

Британски виролог: Влегуваме во нова фаза на пандемијата, вирусот се менува

Иако во светот расте бројот на новозаразени, па многу земји воведуваат построги мерки кои предизвикуваат незадоволство кај луѓето, експертите велат дека крајот на пандемијата конечно е видлив.

Питер Пиот, виролог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека омикронот и вакцината се добри за колективниот имунитет.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата бидејќи вирусот се менува. Дека тоа го прави често доказ е оваа последна варијанта, омикрон, која побрзо предизвикува зараза, но нејзинити последици се полесни“, изјави Пиот за ХРТ.

Тој вели и дека благодарение на вакцината паѓа смртноста.

„Навистина мислам дека се движиме во насока на постигнување колективен имунитет. Имаме уште многу да научиме, но најважно е да го намалиме ризикот од инфекција“, вели тој.

Владиниот економски тим на средба со делегација на ЗЕЛС

Дел од министрите од Владиниот економски тим, остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, се наведува во соопштението од Владата. 

Дел од министрите од Владиниот економски тим, предводени од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, придружуван со министерите за финансии Фатмир Бесими, економија, Крешник Бектеши и локална самоуправа, Горан Милевски, денес остварија средба со делегација од Заедницата на единиците на локална самоуправа, која ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска и потпретседателите, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а во која беа и градоначалниците на Теарце, Нухи Незири, градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Претставниците на ЗЕЛС ги изнесоа предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, поврзани со економската и енергетската криза и побараа поддршка од Владата, за да истите бидат полесно надминати.

Вицепремиерот Битиќи и претставниците на Владата посочија дека за секое прашање, кое е важно за граѓаните се води отворен дијалог и притоа ја истакнаа отвореноста за соработка со единиците на локална самоуправа за заедничко надминување на тековните предизвици. Сите теми кои се важни за граѓаните, за нормално функционирање на општеството треба да се дискутираат и да се најдат најсоодветни решенија кои се во општ интерес.

На состанокот, се согласија предизвиците со кои се соочуваат единиците на локална самоупрва да се елаборираат детално, да се направат соодветни анализи и да се предложат соодветни решенија за нивно надминување.

Косовски автобус слета од автопат во Бугарија, најмалку 29 повредени (ВИДЕО)

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот се судрил со камион во градот Ќустендил и слетал од патот.

Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на лице место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

притисни ентер