Даути: Државата неправедно не полни со долгови, на 15 јули да гласаме за еднаква држава

Кандидатката за пратеник од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Илире Даути, заедно со другите кандидати од шестата изборна единица, остварија средби со жителите на селата Теновци, Радиовци и Милетино во Општина Брвеница. 

Даути повика на поддршка за програмата „Држава за сите", која обезбедува целосна еднаквост меѓу граѓаните. Илире Даути го истакна недостигот на инвестиции во албанските области од претходните влади.

„Беа направени бројни инвестиции во области каде што нема Албанци, додека јавниот долг кој се зголемува секој ден, неправедно ги оптоварува албанските граѓани. 6 милијарди евра е јавниот долг. Дури и децата родени деновиве се оптоварени со јавен долг од 3.000 евра, без никаква вина. Би било разумно да се влезе во долг доколку ова се стори за инвестирање, би било од корист за нас. Но, неправедно сме оптоварени со долг, затоа што инвестициите се насочени на друго место, додека ние исто така го сносиме долгот ", рече Илире Даути од Коалицијата АА - ААА.

Даути ги покани жителите од оваа област да гласаат на 15 јули за промена со заокружување на бројот 5 на гласачкото ливче, се наведува во партиското соопштение.

Либанската влада си поднесе оставка поради експлозијата

Либанската влада денеска поднесе оставка, пренесува АФП, а премиерот Хасан Диаб се очекува наскоро да го стори истото. Оваа вест е потврдена за локалните медиуми од страна на неколку сега поранешни министри.

Министерот за здравство Хамад Хасан им рече на новинарите по состанокот на владата: „Целата влада си поднесе оставка“. Хасан додаде дека премиерот Хасан Диаб ќе се упати кон претседателската палата каде ќе си поднесе оставка во име на сите министри.

Премиерот Диаб ќе се обрати пред нацијата во 19:30 часот по локално време, пренесува Ројтерс.

Оставките дојдоа по дводневните немири во Либан поради експлозијата во Бејрут што се случи минатиот вторник и начинот на кој владата реагира на целата ситуација.

Претходно, министерот за правда Мари Клод Најм, министерот за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Дамјанос Катар поднесоа оставки.

Покрај тоа, најмалку девет члена на парламентот поднесоа оставки.

Голем пожар во близина на Тирана ,горат стари автомобили (ВИДЕО)

Голем пожар избувнал на  пункт за собирање отпадоци и гробишта со автомобили во близина на Тирана.

Пожарот избувнал попладнево во близина на патот „Тирана-Нодрок“.Како што може да се види од видеата, од местото се шират големи црни облаци од чад.

Компанијата каде избувна пожарот е наречена „Мерсини“. Според информациите, три пожарни возила тргнале кон местото на настанот.

Сè уште не се знае што го предизвикало пожарот.

Подготвени 5. 000 доброволци за третата фаза на вакцината против корона

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијалната кинеска вакцина против Ковид 19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец компанијата ChangShino Biologics објави дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза на тестирање на можната вакцина, пренесува Ројтерс.

Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинескиот воен истражувачки тим, делува безбедно и создава имунолошки одговор кај повеќето субјекти.

притисни ентер