Датумот за избор недоговорен, Ахмети ја почнува кампањата со наслов „време е за прв Албанец премиер“

ДУИ ја соопшти новата цел за претстојните избори - Ахмети вели време е за прв премиер Албанец на Македонија.

Тој на фејбук пишува дека сите поставени цели досега како партија ги оствариле, а меѓу нив се назначувањето на Талат Џафери за собраниски спикер, министри во многу ресори, директори и претседатели на судови, но и Законот за употреба на јазиците кој беше услов на ДУИ во 2017та година за формирање на Влада со СДСМ.

И покрај тоа што се уште нема меѓупартиски договор за изборниот датум, Ахмети вели дека е време за испорака на високи цели.

-Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР на земјава!

На секоја годишнина, определуваме амбициозни цели и со време тие ги остваруваме - пишува Ахмети.

На ваквата најава од Ахмети одговори претседателот на СДСМ Зоран Заев кој вели дека премиер станува оној кој ќе обезбеди 61 пратеник и не се избира според етничка припадност.

-Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. – Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека со ова се отвора прашањето дали ДУИ ќе одбие коалиција со македонска партија доколку им биде понудено партнерство.

Во меѓувреме најава консензуален договор меѓу партиите нема. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски вели дека еден од условите за одредување датум е и минимум десетина дена по ред, бројката на новозаразени да е помалку од 5 отсто од бројот на тестирираните. Од неговата партија и денеска повторија дека брзите избори не се добар чекор во блиска иднина.

- Со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните. Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство. Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна, и дека треба да се погрижат за здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува на своето - здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Политиката да ја ставиме на страна. – Горан Манојловски – ВМРО ДПМНЕ.

Од друга страна владејачката СДСМ инсистира 5ти јули да биде изборниот ден и друга алтернатива според нив нема. Според нив неопходно е што побрзо да се спроведе изборната прцедура за да се формираат стабилни институции кои ќе ја менаџираат здравствено-економската криза.

Локални власти: Три лица загинаа во руски напади на југот на Украина

Најмалку три лица загинаа синоќа, а 20 се ранети во руските напади во областа Днепропетровск на југот на Украина, соопштија локалните власти.

„Во Днепар гори петкатна зграда. Под урнатините може да има луѓе“, напиша на својата канал на Телеграм регионалниот гувернер Сергиј Лисак.

Во Русија, гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков изјави дека 25 проектили биле соборени во близина на украинската граница.

Нема информации за повредени, напиша Гладков на Телеграм, додавајќи дека се оштетени неколку згради. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 709 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од кои „реални“ повици биле 49,68 отсто, а 50,32 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 71,16 отсто, кон итната медицинска помош 23,72 проценти, а кон пожарникарите 1,86 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека изминатите 24 часа нема пожари на отворен простор.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

МААЕ: Нема штета на нуклеарните постројки во Иран

 Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека нема штета на иранските нуклеарни постројки, откако Израел изврши одмазнички напади. 

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме двете страни на екстремна воздржаност. Нуклеарните објекти никогаш не треба да бидат цел во воени конфликти“, се вели во соопштението на МААЕ на IX (Твитер).

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Потоа Израел предупреди дека ќесе одмазди за нападот со стотици проектили и беспилотни летала, од кои најголемиот дел без пресретнати од противвоздушната одбрана. Инаку, нападот на Иран врз Израел беше одмазда за нападот врз иранскакиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа неколку високи офицери. Иран за нападот во Сирија го обвини Израел, а Тел Авив ниту потврди ниту демантираше дека стои зад нападот. /МИА

притисни ентер