Даштевски: Ако е потребно гласањето ќе продолжи и по 19 час, излезност до 15 часот 31,80 отсто

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи.

До 15 часот излезноста на гласачите на Локалните избори е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, кој оцени дека ова е солиден процент на излезност на гласачите.

Најголема излезност до 15 часот има во Новаци 59, 16 отсто, во Демир Хисар 54, 87 отсто, во Лозово 54, 04 отсто, во Вевчани 51, 25 отсто, во Карбинци 49, 43 отсто, во Крива Паланка 49, 15 отсто и Крушево 48, 48 отсто. Од поголемите општини во Гостивар излезноста е 23, 7 отсто, во Тетово 26, 1 отсто и во Куманово 28,65 отсто.

Најмала излезност има во Центра Жупа 19, 1 отсто, во Шуто Оризари 19, 15 отсто и во Липково 19, 99 отсто.

Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори.

ДИК испратил мејл до општинските изборни комисии со известување да ги информираат избирачките одбори да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно.

Гужвите или како што кажа успорувањето на гласањето на овие избори е поради многуте страници на Избирачкиот список и многуте листови за гласање, една четвртина од отпечатоците од прсти кои ги добиле не биле со добар квалитет, како и поради мерките за заштита од Ковид-19.

-За Град Скопје има четири ливчиња, има огромни избирачки списоци, проверката трае двојно. И таму ќе биде дозволено да се гласа се додека не гласа и последниот гласач, рече Даштевски.

До 15 часот излезноста на гласачите е 31,80 отсто од добиени податоци од 69,86 отсто од избирачките места. На овие избирачки места гласале 403 715 гласачи.

Според Даштевски, ова е солиден процент на излезност на гласачите.

До одржувањето на прес-конференцијата до ОИК се поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, од кои 63 се прифатени, а десет се одбиени.

Претседателот на ДИК Даштевски ги соопшти и местата каде што имало прекин во гласањето, и наведе дека во седум избирачки места се гласа со УВ ламба и спреј, како до претходните избори.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на прес-конференција соопшти дека гласањето на Локалните избори во седум избирачки места се одвива со УВ ламба и спреј, како на минатите избори, поради неможност за употреба на уредите за отпечатоци од прсти. Исто така информираше и на кои избирачки места имало прекини во гласањето.

Според него, прекин имало во Општина Боговиње на избирачкото место 2063 помалку од еден час, во општина Бутел во избирачкото место 2914 повеќе од еден час, во општина Гевгелија во избирачкото место 0348 еден час и 40 минути, во општина Гостивар на едно избирачко место имало мал прекин, во Дебарца во избирачкото место 1315 имало прекин од два часа, во Демир Хисар во избирачко место 0630 имало прекин два часа, во Липково во избирачкото место 1616 имало прекин 30 минути, во Македонски Брод во избирачкото место 0258 повеќе од еден час.

Во Ново Село во избирачкото место 1774 имало прекин два часа и 55 минути и таму гласањето е продолжено со УВ ламба и спреј, бидејќи, како што кажа Даштевски, не успеала да се заврши техничката поправка.

Во Пехчево имало прекин во две избирачки места од по 15 минути, во Радовиш во избирачкото место 1584 имало прекин од еден час и 36 минути, во Росоман на избирачкото место 0716 имало прекин еден час и 50 минути, во Сопиште на избирачкото место 2415 имало прекин од два часа, во Старо Нагоричане во избирачкото место 1162 имало прекин од помалку од еден час и таму се гласа со Ув ламба и спреј, во Лабуништа на избирачкото место 1907 имало прекин од два часа, во Струмица на избирачкото место 1739 имало прекин од час и 30 минути, во Студеничани на избирачкото место 2354 каде гласањето продолжило со Ув ламба и спреј, во Центар во избирачкото место 2867 имало прекин од еден час и 30 минути, во Чаир во избирачкото место 2942 гласањето продоило со Ув ламба и спреј, во Чешиново Облешево на едно избирачко место имало прекин од 30 минути, и на две избирачки места 1468 и 2478 во селата во околината на Чучер Сандево се гласа со УВ ламба и спреј.

На овие места каде што имало прекин Даштевски посочи дека гласањето ќе продолжи за онолку време колку што било прекинато.

Нема избирачки места каде што имало прекин повеќе од три часа.

Неверојатен потфат: Французин на 70 метри височина ја премина Копакабана (ВИДЕО)

Одејќи по јаже, 27-годишниот Французин Нејтан Паулин го изведе својот нов потфат на воодушевување на многумина меѓу двата врва на познатиот Шеќерен рид во Рио де Жанеиро.

Паулин пешачеше петстотини метри по јажето, а до крај бил прицврстен со јаже за потпора. И добро што го направил тоа, бидејќи неколку пати изгубил рамнотежа и се лизнал.

Јажето било поставено на височина од седумдесет метри, а по целата должина под него била плажата Копакабана со капачи.

Публиката со ентузијазам ја следела прошетката, лежејќи на лежалките.

Но, Нејтан бил особено воодушевен, благодарение на прекрасниот поглед кој го пружа ова уникатно место, поради што го избрал за својата „прошетка“.

„Горе беше одлично бидејќи имате панорамски поглед од 360 степени. Од едната страна го гледате Шеќерниот Рид, потоа Корковадо. Самиот Рио е посебен по тоа што градот е помеѓу планините и морето, од сите страни имате поглед на море и планини, а стоењето над се` е незамисливо “, рече Французинот.

Нејтан долго време се подготвувал за овој потфат, но поради пандемијата морал секој пат да го одложува.

Почна судењето на данскиот голфер кој јавно уринирал во авион и напаѓал жени

Во Лондон започна судењето на данскиот играч на голф Торбјорн Олесен, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на стјуардеса и жена и уринирање на седиште пред две години на летот од САД до Лондон.

Британската полиција го уапсила Олесен на 29 јули 2019 година под сомнение за сексуален напад на летот на Бритиш ервејс, а на 6 август тој бил официјално обвинет. Данскиот играч на голф ги отфрлил сите обвинувања, велејќи дека не се сеќава на ништо.

Сведоците го опишале неговото однесување на летот од Нешвил до Лондон како сосема бизарно.

Под дејство на алкохол, Олесен почнал да трча низ авионот, да го навредува екипажот, потоа да ја гушка и се обидел да ја бакне стјуардесата, наводно фатил друга жена за градите, уринирал на седиштето, а потоа плачел пред да заспие на своето место во бизнис класата.

„Во текот на моите 27 години кариера, никогаш не сум видела нешто слично“, рече стјуардесата. Олесен го негирал сексуалниот напад, велејќи дека никогаш свесно не би ја ризикувал својата кариера со извршување на кривично дело. Тој додаде дека земал апчиња за спиење и не се сеќава на ништо.

„Се чувствував целосно ужасно и многу ми беше жал. Не можев да верувам што зборуваат, што се случило... Засрамен сум и се чувствувам ужасно“, изјавил 31-годишниот Олесен на судењето.

Данецот, кој освои пет европски турнири во текот на својата кариера, загуби профитабилни спонзорски договори по инцидентот и падна од 50. на 400. место на ВТА.

Седуммина припадници на „сините шлемови“ загинаа во Мали

Седуммина припадници на тогоанските сини шлемови загинаа, а тројца се тешко повредени во напад со експлозивна направа во центарот на Мали, што најостро го осуди генералниот секретар на ОН.

„Денес, 8 декември, логистички конвој на мировници (MINUSMA) кој патуваше од Дуенце до Севаре, во центарот на земјата, наиде на експлозивна направа.“ објави на Твитер Мисијата на ОН во Мали (MINUSMA).

Нападот се случил во околината на Бандиагара, во провинцијата Мопти, додава MINUSMA.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „остро го осудува овој грозоморен напад“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во Њујорк. Тој ги повика властите во Мали да направат се` за да ги пронајдат виновниците и да ги изведат пред лицето на правдата, додаде тој.

Врховниот командант на MINUSMA, Ел Гасим Ване, исто така „остро“ го осуди овој „кукавички“ напад, истакнувајќи во изјавата дека тоа може да се опише како „воено злосторство“.

„Оваа трагедија го зголемува бројот на жртвите на нападите врз мировниците во Мали.“

Нападот доаѓа еден ден откако MINUSMA ја објави смртта на мировниците во Дакар во понеделникот, кои биле убиени кога нивното возило наишло на импровизирана експлозивна направа на 22 ноември во близина на Тесалит, во северниот дел на Мали.

Во Мали беснее конфликт од 2012 година во кој џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава постојано извршуваат напади по насилството врз цивили на вооружените групи, од кои некои се нарекуваат сили за самоодбрана.

MINUSMA, распоредена во Мали во 2013 година, моментално е мировната мисија на ОН со најмногу смртни случаи во светот. До 31 октомври, 146 нејзини членови биле убиени во воените дејствија, според статистиката на ОН.

притисни ентер