Данска ги објави првите епидемиолошки резултати по отворањето на училиштата

Делумното повторно отворање на данските училишта не предизвика зголемување на бројот на заболени од коронавирус, изјави денеска  експерт за епидемиологија и превенција на заразни заболувања од данскиот институт, повикувајќи се на новите податоци.

Данска е една од првите земји што ги отворија своите општества на 15 април, по еден месец карантин, дозволувајќи им на учениците до петто одделение да се вратат на училиште.

„Не можеме да ги видиме негативните ефекти од повторното отворање на училиштата“, изјави Питер Андерсен, осврнувајќи се на податоците ажурирани вчера.

Најновите податоци не покажуваат значително зголемување на заразата кај деца на возраст од 1 до 19 години по делумното повторно отворање на училиштата.

„Врз основа на првичните искуства што ги имаме, планот за повторно отворање е прудентен“, додаде Андерсен.

Се појавија мрачните тајни на мртвиот градоначалник на Сеул

Додека многу жители на Сеул ја оплакуваат смртта на градоначалникот Вон-Сон Парк, јавноста во Јужна Кореја е вознемирена од обвиненијата дека сексуално ја малтретирал секретарката.

Парк, кој беше пронајден мртов во шумски дел на Сеул во петокот, беше либерален и реформски, но и борец за правата на жените, а во еден момент и потенцијален кандидат за учество на претседателските избори закажани за 2022 година.

Без да се открие точната причина за смртта на Парк, полицијата соопшти дека нема причина да се сомнева во убиство, а градските власти соопштија дека градоначалникот оставил проштална порака во која изразил жалење и побарал неговото тело да биде кремирано.

Правниот застапник на поранешната секретарка на Парк, која наводно била сексуално малтретирана, изјавил дека извештајот против градоначалникот е доставен во полицијата на 8 јули, ден пред неговата ќерка да го пријави исчезнувањето.

Адвокатот рече дека Парк испратил пораки и фотографии до поранешната секретарка, вклучувајќи ги и оние чие испраќање се сметало за сексуално вознемирување, како и дека градоначалникот го изложил својот клиент на несакан физички контакт, пренесува АП.

Пронајдено е тело во езерото , каде што исчезна холивудска актерка

Тело е пронајдено во езерото каде што актерката Наја Ривера исчезна минатата недела.

Веста ја потврди полицијата, но досега тие не потврдуваат дека станува збор за исчезната актерка. „Тело е пронајдено утрово во езерото Пира. Обработката е во тек“, се наведува во краткиот пост на официјалниот профил на Твитер на полициската станица Вентура.

Најавена е и прес-конференција попладне по локално време.

Актерката исчезна минатата среда на подрачјето на езерото Пиру, каде изнајмила чамец со својот четиригодишен син и потоа отишла да плива.

Снимките од надзорната камера ја прикажуваат како доаѓа на брегот на езерото во нејзиниот Мерцедес, а потоа оди со нејзиниот син за да го изнајми чамецот.

Неколку часа подоцна, екипажот на друг брод го нашол нејзиниот син како спие сам во чамецот и ја известиле полицијата.

Oтишол на корона-забава за да докаже дека не постои вирусот, се разболел и починал

30-годишен Американец, кој бил убеден дека коронавирусот е измама и присуствувал на „корона- забава“, почина од ефектите на Ковид-19, соопшти болницата во Тексас.

Човекот присуствувал на нова форма на забава. Едно лице кое е заразено било донесено на забавата да ги изложи гостите на инфекција и со тоа да провери дали коронавирусот е вистински. Со тоа, тие проверувале дали тврдењата на медиумите и владата се само дел од поширок заговор.

Џејн Еплби, главната медицинска сестра во болницата „Сан Антонио“ каде што починал младиот човек, ја сподели со медиумите неговата трагична приказна и последните зборови за NBC News 4.

- Непосредно пред да умре пациентот, ја погледна медицинската сестра и рече: Мислам дека не сум во право. Мислев дека сето тоа е измама, но не е “, рече Еплби.

Еплби се запознала со неговата состојба Таа не кажа кога се одржала забавата, колку луѓе присуствувале или колку долго по настанот пациентот е хоспитализиран со дијагностициран Ковид-19.

Мажот не е јавно идентификуван.

,,Целта на таквите забави е да проверат дали вирусот постои со намерно изложување на луѓето на коронавирус, објасни таа.

Веќе во болницата каде што работи, се забележува зголемување на „критично болната“ помлада популација, рече таа.

„Некои од овие млади луѓе доаѓаат во болница на лекување и можат да бидат испразнети брзо дома, додека други се разболуваат многу брзо и имаат потреба од интензивна нега“, рече Еплби.

Таа истакна дека никој не смее да се чувствува имун на Ковид-19.

„Она што научивме за овој вирус е дека тој не прави дискриминација и никој од нас не е непобедлив“, вели Еплби.

Американските центри за контрола и спречување на болести предупредуваат дека лицата заразени со коронавирус не треба да присуствуваат на настани и дека каков било настан во кој луѓето се дружат без заштитна маска или социјално растојание е голем ризик. САД е првата погодена земја во светот што забележа повеќе од 68.000 случаи во петокот. Тексас, која е една од најтешко погодените држави, досега има регистрирано над 258.000 заразени и повеќе од 3.200 смртни случаи.

притисни ентер