Дали владата ќе ја прифати препораката на Пендаровски за забрана за влез на лица од Бугарија?

Се уште нема одговор од Владата дали ќе го прифати предлогот да му биде забранет влез во земјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и на неколку други политичари и државјани на Бугарија, кој го даде претседателот на државата Стево Пендаровски.

Се уште нема одговор од Владата дали ќе го прифати предлогот да му биде забранет влез во земјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и на неколку други политичари и државјани на Бугарија, кој го даде претседателот на државата Стево Пендаровски, вчера на Советот за безбедност, поради дејствијата кои порано, но и сега овие луѓе ги преземаат против нашата држава.

Ден по ваквите најави, Џамбаски му одговори на Пендаровски не отстапувајќи ниту милиметар од познатата реторика.

-Обидот да се прогласат бугарски јавни личности за забранети во Македонија нема да ја избрише историската вистина. Тоа што сакам да им го кажам е дека ние ќе бидеме покрај нашите браќа во Македонија кога и тие да имаат потреба од нас, затоа што историската вистина е една – Македонија била е и ќе биде бугарска. , рече Џамбаски во видео обраќање на Фејсбук.

Освен тој, и лидерот на проруската партија Преродба Костадин Костадинов вели дека нема да биде изненаден доколку се најде на листата непожелни. За неговите негаторски и иредентистички изјави, МНР веќе упати две дипломатски ноти до Софија..

Пендаровски, образложувајќи го предлогот, соопшти дека на седницата на Советот за безбедност, проценка на службите била дека кулминација на тензии може да се случи на 4 февруари, за време на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во Скопје.

За овој настан, масовно присуство најави бугарската фондација „Македонија“, чиј прв човек Виктор Стојанов, меѓудругото познат години и по ширењето лажни вести дека во Македонија биле сквернавнени бугарски гробишта, веќе има забрана за влез во државата. Иако, не го спомена со име, Пендаровски го посочи како еден од тројцата бугарски државјани на кои лани им бил откажан престојот во Македонија..

-Еден од нив е посебно гласен и по повод овој сега претстоен настан на 4ти февруари ги повикува сите Бугари итн да доаѓаат во Скопје, од тројцата, двајцата беа со легенда така ги викаат службите, како бајаги беа новинари меѓутоа на нив им беше откажан престојот и и беа веќе внатре и им беше забрането да се враќаат во Македонија за шест месеци, а другиов кој е најгласниов тогаш и сега тој е протеран и забраната му е за подолг временски период. За дел од овие структури се надоврзани на руската разузнавачка служба.-Стево Пендаровски – Претседател на Македонија.

Од МВР велат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки и активности за безбедно и непречено одржување на активностите околу одбележувањето на 4-ти февруари.

Инаку, според Законот за странци, Владата може да забрани влез во државата на странци од 6 месеци до 5 години, а по потреба и да го продолжи рокот, доколку има проценка дека тие се закана за националната безбедноста и јавниот поредок.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење

Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“.  

Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски.

Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.

„Тие велат, ова не чини, тоа не чини, ние ќе направиме нови договори. Додека тие ги направат тие договори, под претпоставка дека ќе бидат подобри, што нема да биде случај и оние малку млади што се во државата ќе се иселат од тука“ истакна Пендаровски.

Пендаровски порача дека работите ќе се сменат на подобро само ако сите се посветат на она што е важно за граѓаните и државата и од присутните побара поддршка на изборите на 24 април, соопштуваат од неговиот тим.

Драма во авион: Млад Италијанец ненадејно почина, тргнал на одмор со бремената сопруга

Италијанецот Џузепе Стило (33) ненадејно починал во авион на Рајанер, а трагедијата се случила кога тој и неговата бремена сопруга тргнале на одмор.

Двојката полетала од Торино до Ламеција Терме.

Одеднаш му се слошило, а неговата сопруга, која седела во друг дел од авионот, на почетокот не ни знаела што се случува. Дури кога видела дека патниците и членовите на екипажот се раздвижиле, таа станала и отишла кај сопругот, кој веќе починал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Федерика Марела, сопругата на Џузепе, е бремена и дека парот заминал на краток одмор за да ги наполни батериите пред да станат родители.

- Екипажот на авионот и еден патник, кој е лекар, дадоа сѐ од себе. Користеле дефибрилатор, пробале реанимација, но залудно – рекол еден од патниците, пренесе Дејлимејл.

Фредерика доживеала голем шок и на крајот била префрлена во болница. Лекарите биле загрижени за здравјето на бебето бидејќи била бремена во петтиот месец. На полицијата ѝ рекла дека Џузепе не се чувствувал добро тоа утро, но дека не сакал да го откажат одморот. Веднаш откако дознал што се случува, пилотот го свртел авионот и се вратил во Торино. Џузепе Стило бил страстен турист. Сакал да пешачи и да патува. Неговите пријатели тврдат дека тој бил „повеќе од маж“. Сите од градот Вибо Валентина кои го познавале него и Фредерика останале во шок по веста за трагедијата.

притисни ентер