Дали трет протокол со Бугарија е решение за деблокада на интеграциите? - Канал 5

Дали трет протокол со Бугарија е решение за деблокада на интеграциите?

Само Вистина” со Марјан Ѓорчев и Ѓорѓи Мисајловски.

Дали трет протокол со Бугарија е решение за деблокада на интеграциите?

Марјан Ѓорчев:

- Политички е критерумот за членство во ЕУ.

- Премиерот Мицкоски добро ги постави работите, дајте владеењето на правото е примарното, дајте сега да го средиме тоа во ЕУ Парламентот со резолуција, потоа преку дијалог на високо ниво со ЕУ челниците и потоа каде што ќе бидат Македонскиот и Бугарскиот врв да го разговараме тоа на таков начин што Европјаните треба да ги омекнат односите со Бугарија на начин на кој треба и нам да ни помогнат да разбереме дека односот со Бугарија и добрососедството ни е неопходно.

- Добро би било опозицијата да ја поддржи резолуцијата на владејачкото мнозинство, сега опозицијата има историска шанса, да го напразви тоа преку политички дијалог.

Ѓорѓи Мисајловски:

- Да се води сметка за нашиот дипломатски речник, се' она ште треба да се каже да биде во блага варијанта.

- Тоа што европските званичници оваа година беше наезда од нив, не е по мене добар знак, така беше и за референдумот за името, ова е очигледен притисок.

- Изјавите на сите од ЕУ што беа овде се сведуваа на исти ставови но со поблага реторика.

- Во Хаг ќе биде и Американски претставник и очекувам негово влијание, можен е поглем притисок од САД за македонските интеграции.

- Не е време за лидерска средба, опозицијата треба да ја поддржи власта.

YouTube video

YouTube video

Комплетирани четвртфиналните пресметки на ЕП за фудбалерки

Франција и Англија се последните патници во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во женска конкуренција, кое се одржува во Швајцарија.

Комплетирани четвртфиналните пресметки на ЕП за фудбалерки

Во завршното коло од групата Г, Франција синоќа ја совлада Холандија со 5-2, со пресврт во второто полувреме, откако Холанѓанките имаа предност пи воведните 45 минути од 2-1.

Во вториот натпревар, актуелниот европски шампион Англија го победи Велс со 6-1.

Франција го освои првото место во групата со девет бодови, пред Англија со шест бодови. Холандија остана на три бодови, а Велшанките претрпеа три порази.

Четвртфинални парови се Норвешка – Италија, Шведска – Англија, Шпанија – Швајцарија и Франција – Германија.

Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете

 Во 2024 година, во 118 јавни и приватни установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки и центри за ран детски развој, биле згрижени 37 871 дете, покажуваат податоците на Државниот завод за статсистика.

Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете

Во однос на 2023 година, бројот на установи е зголемен за 0.9 %, а бројот на деца за 0.2 %.са/

Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

 Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела

Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

Почнувајќи од денеска Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Овие предлози наидоа на одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Овој замав, што доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна поширок раст на другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци - 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот порасна на околу 3,78 трилиони долари, покажуваат податоците од CoinMarketCap.

притисни ентер