Дали превирањата во ДУИ може да предизвикаат потрес во владата?

Дали и какви последици ќе има расколот во ДУИ на политичката сцена, но и во Владата?

Овие дилеми повторно се отворија во јавноста откако дваесетина високи функционери на ДУИ пред два дена преку писмо до јавноста изразија револт од партиската политика и го вперија прстот кон Артан Груби.

Дел од аналитичарите не очекуваат тектонски пореметувања во Мала Речица. Според аналитичарот Алберт Муслиу иако револтот доаѓа од влијателни личности во ДУИ, сепак крајниот збор таму го има Али Ахмети кој вчера индиректно застана во одбрана на Груби. Муслиу не верува дека ваквите случувања во ДУИ се закана за опстанокот на владата, ниту пак парламентарното мнозинство.

-Не е првпат ова да се случува, имаше вакви обиди двапати при формирањето на Владите, секако тука носители беа двајца високи функционери на ДУИ, Изет Меџити и Блерим Беџети кои пак беа најуспешните и на минатите избори. И секако дека тоа незадоволство за нерефликтирање на позициите кои се поделија согласно гласовите кои ги собрале, го изразуваат на овој начин и не гледам ништо драматично во тоа. Не верува дека ова ќе оди во крајност да се заврши со формирање на партии, затоа што хомогенот на целиот процес сепак е Али Ахмети и не верувам дека би се одлучила групата да оди во тој правец. Не верувам дека ќе оди до таа мерка дека ќе се ризикува коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ и дека пратениците кои се незадоволни ќе одат до таа крајност да рушат Влада, вели Муслиу за Канал 5.

По писмото на незадоволните членови на ДУИ, кои во јавноста добија назив „огнена група“ се појавија информации дека за мир во Мала Речица може да биде жртвувана позицијата на министерот Бујар Османи. Тој пак денеска како лажни ги отфрли ваквите тврдења.

-Ги видов коментарите, тоа се глупости кои не заслужуваат коментар. Тоа е лажна вест и шпекулација која не заслужува коментар и нема никаква основа. Во ДУИ има голема внатрешна демократија и секој има право да каже свој став, а последниот збор го има Ахмети. Тој вчера го кажа својот став и тука завршуваат сите дебати во ДУИ и си продолжуваат сите со своите ангажмани. Јас не би можел ништо да додадам повеќе, рече Османи.

Лидерот на „интегративците“ Али Ахмети, коментирајќи го писмото на неговите сопартијци вчера даде индиректна поддршка за вицепремиерот Груби и порача оти партијата има воспоставено стабилни структури, кои можат да функционираат дури и без него. Според Ахмети, ова не е нешто ново и внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој инсистирал веќе 20 години.

Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, изјави Ахмети.

За превирањата во ДУИ засега нема коментар од првиот вицепремиер Груби, а и групата незадоволни остануваат на кажаното во писмото.. на него потпишани беа двајца пратеници, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, како и заменик-министер и двајца градоначалници..

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер