Дали интензивирањето на соработката ќе го забрза кревањето на ветото од страна на Бугарија?

Со новиот пристап во разговорите меѓу двете земји се интензивираат средбите и соработката но останува неизвесно дали тоа ќе биде доволно за Бугарија да го крене ветото или горливите прашања и понатаму ќе останат главна пречка. 

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов за овие први средби смета дека се израз на добра волја и позитивен исчекор да се покаже искрена намера кај две соседски земји.

-Да покажат дека она што е кажувано и на дело може да се реализира. Да ги дефинираат групите и да отпочнат на некој начин со работа тие групи. Да потврдат дека паралелно со работата на групите ќе работат и комисиите меѓу кои и комисијата за историја. Нема да се мешаат едни со други но дека ќе работат поинтензивно. Тоа е колку за двете држави толку и за ЕУ и останатите партнери кои што сакаат да видат напредок во односите.– Ѓорѓи Филипов – Поранешен амбасадор.

И аналитичарот Петар Арсовски во работните групи гледа позитивен исход односно корист и за двете земји.

-Работните групи се позитивна промена и можат да значат интензивирање на соработката во економија, транспорт, образование, култура. Но формирањето на групите и нивниот позитивен импулс не значи дека работата на историската комисија ќе застане ниту пак дека спорот автоматски ќе биде решен. – Петар Арсовски – Аналитичар.

Но дали и во случај на интензивна меѓувладина соработка како и повторни обиди да се надминат историските разлики, Бугарија ќе го тргне ветото? Филипов гледа надеж, Арсовски пак очекува суштински преговори околу тоа прашање.

-Останува да се надеваме дека е тоа можно особено што на двете страни имаме различни претставници кои треба да покажат нешто ново а тоа ново, и тоа ново е потврдено од целокупната меѓународна набљудувачка јавност но и значајни историчари и политичари од двете страни кои иако не се активни сега нивното мислење се цени.– Ѓорѓи Филипов – Поранешен амбасадор.

-Прашањето дали Бугарија ќе го крене ветото не зависи од овие работни групи. Новите работни групи немаат врска со спорот, тие се позитивен импулс но не допираат односно не се пресек на проблемот кој го имаме со Бугарија во моментов. Дали Бугарија ќе го крене ветото зависи од суштинските преговори а не од новите работни групи. – Петар Арсовски – Аналитичар.

И на самитот во декември официјална Софија по трет остана на ветото кон Македонија за старт на преговорите со ЕУ. Надежите сега се дека сега, со новата влада во Софија и новиот пристап што го договорија Петков и Ковачевски во јуни, Македонија конечно ќе добие датум..

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер