Дали Бугарија и дефинитивно ќе стави вето на првата меѓувладина конференција

Паралелно со дипломатската офанзива на македонската влада, во Брисел Бугарија и натаму не остапува да ги наметне своите позиции пред клучната одлука најавена на 10-ти ноември. 

Осум специфични барања, кои се однесуваат на начинот на кој требало да се спроведе Договорот за добрососедство изложил бугарскиот претставник на средбата на ниво на амбасадори во Брисел, пред кои прв пат се најде нацрт-верзијата на преговарачката рамка. Во документот, во кој имал увид „Вечерни лист“ очекувано доминирало негирање на македонскиот јазик, но и воопшто на придавката „македонски“.

-Придавката „македонски“ не означува национален идентитет, туку географско потекло, бидејќи географиски и историски Македонија е област која денеска лежи во внатрешноста на границите на шест држави. Јосип Броз Тито наметна „нов иднетитет“ на луѓето кои претходно се декларирале како Бугари“, се наведува во содржината во појаснувачкиот меморандум, презентиран од бугарскиот амбасадор до претставниците на земјите – членки.

За Симонида Кацарска од Институтот за европска политика, судбината на македонските преговори од амбасадорско, наскоро се сели на министерско ниво, каде клучниот збор ќе го има Советот за општи работи за 20 дена.

-Станува јасно дека се кристализирани двете барања на Бугарија, за кратенката на РС Македонија и во однос на македонскиот јазик. Очигледно дека Бугарија филтрирала дел од барањата, со оглед дека во меморандумот имавме максималистички барања, вели Симонида Кацарска, Институтот за европска политика

Вчера и угледниот „Политико“ објави дека Софија е на добар пат да стави вето, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Според Кацарска, очигледно е дека Бугарија засега е осамена со барања меѓу земјите членки, но тоа не ја иззема од неприкосновеното право да блокира.

-Дали Бугарија ќе одлучи да ја употреби таа „нуклеарна опција“ останува нејасно. Очигледно е дека во бугарската влада е важно за едниот коалицски партнер., вели Кацарска

Германија, која е претседавач со Унијата, неколку пати порача дека билатералните прашања не треба бидат дел од преговарачката рамка. Од Софија, пак, соопштија дека се под силен германски притисок Македонија да добие зелено светло.

Од домашно производство 96,4 отсто од потрошената струја

 Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули годинава, вкупно биле потрошени 483 722 МWh електрична енергија, 28.789 мил. нм3 природен гас, 335 319 тон јаглен и 99 448 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи ја победата на Каселакис на партиските избори, изрази надеж и желба дека земјата „конечно ќе добие сериозна и веродостојна опозиција“, а СИРИЗА ќе се врати „на патот на вистината и реализмот“.

-Нашата конфронтација со господинот Каселакис ќе биде политичка и затоа ги очекуваме неговите позиции и предлози за сите големи прашања и целокупно за прашањата што се однесуваат на граѓаните. Исто така се надеваме дека ќе ја напушти логиката на токсичност и на говорот на поделба, што за жал многу години ѝ служи на партијата на која е избран за претседател, рече Маринакис, објаснувајќи дека со оглед на минатото на оние кои јавно го поддржаа Каселакис, Владата се сомнева дека ќе се напушти токсичниот говор.

Паралелно, владиниот портпарол се осврна и на фактот што Каселакис не е пратеник и нема да може да присуствува на парламентарните процедури.

-Во Парламентот се предлагаат и се гласаат сите големи реформи и сите големи промени, кои им се потребни на народот, а отсуството на опозициски лидер од овие процедури, во еден голем временски период, речиси четири години, сигурно претставува еден сериозен институционален недостаток. Затоа ние во Нова демократија, на Конгресот во 2016 година изгласавме предуслов дека за некој да биде кандидат за претседател на партијата, да биде член на пратеничката група, посочи Маринакис.

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска  го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани.

Како што известуваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер