Дали 5-ти јули ќе биде компромисно решение за избори?

Дали 5 јули ќе биде датумот за одржување на превремените избори?

ДУИ го прекина молкот и на маса го става овој предлог како компромисно решение меѓу барањето на власта за избори во јуни и меѓу август или септември што се прифатливи за опозицијата. Од партијата на Ахмети за Канал 5 велат дека ќе пробаат да ги убедат Заев и Мицкоски дека овој термин е најдобриот за изборисо што би се запазиле законските рокови.

- Согласно околностите и очекувањата на граѓаните, но и на нашите меѓународни сојузници, кои очекуваат кредибилно демократски избрани и одговорни институции, краен логичен термин за можно одржување на избори би бил 5 јули, што овозможува и запазување на сите законски рокови за спроведување на изборен процес. – вели Артан Груби за Канал 5.

Двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ официјално не отстапуваат од своите позиции. Од двете страни немаше конкретен одговор дали за нив е прифатлив датумот 5 јули што го предлага ДУИ.

Од опозицисаката партија само повторуваат дека избори во јуни, како што бара СДСМ, за нив не е опција. За јули, одговор немаат.

– Она што можам да го потенцирам е дека избори во јуни не се можни. Тоа го докажува и актуелната ситуација со новозаразени кои што во моментов ги евидентираат здравствените установи. Од она што можам да кажам дека за датум за избори ќе мора да се разговара консензуално, односно во моментот кога ќе се оцени дека е можно да се одржат изборите, бидејќи најважно во моментов ни е здравјето на граѓаните, а не спас на нечија кариера на некој функционер од СДСМ – рече Арсовски.

Од СДСМ, пак повторија дека избори треба да се одржат во првиот можен термин. Простор за договор оставаат до крајот на неделава, кога завршува вонредната сосотојба. Математиките на СДСМ, но и ДУИ, се дека е важно датумот на изборите да биде одреден пред 30 мај, за изборните рокови да започнат да течат на 31 мај и со тоа ДИК да има доволно време за сите подготвки.

-Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите целосно ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓание.Особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен, истакна портпаролот на СДСМ Костадинов.

Вонредната состојба истекува во сабота, а дали владата ќе побара нејзино продолжување засега не е познато. Премиерот Спасосвски денеска рече дека одлуката ќе се носи по анализите деновиве, а дотогаш очекува и договор меѓу политичките партии околу изборите.

Нова лидерска средба засега не се планира, а од Кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека се уште чекаат приближување на позициите на лидерите.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет.

Облечен во негов препознатлив стил, навидум во добра физичка состојба за која рече дека не одраз на здравствените проблеми со кои се соочува, Бојан Јовановски познат како Боки 13 за прв пат се појави пред медиумите откако доби прекин на издржувањето на затворската казна. Пред Кривичниот суд побара повторување на постапката за случајот Рекет. Тужбата на бизнисменот Орце Камчев која Основниот граѓански суд ја одби а со која бараше 1, 5 милиони евра од Јовановски и Катица Јанева од Рекет, исказите на Ана и Ратка Камчеви пред тој суд, се доволна причина според него Кривичен да ја повтори постапката за случајот Рекет со што како што вели, јавноста ќе дознае каде завршија парите од Луј Витон чантата.

-На крајот на краиштата сите не занима каде се парите. Одговорот мислам дека многу добро го знае Русковска, го знае Јордан Камчев, го знаат неколку политичари, а одговорот го знам до некаде и јас зошто сум учествувал во сите тие дејствија и тоа не го спорам. – Бојан Јовановски – Осуден во случај Рекет

За случајот Рекет Боки 13 доби 9 години затвор, екс специјалната обвинителка Јанева 7 години. Апелација ја потврди пресудата а Врховен суд кој и сега треба да одлучи по барањето за повторување на постапката, еднаш веќе им ги одби жалбите за вонредно преиспитување на пресудата. Јовановски беше првостепено осуден и за случајот Меѓународен Сојуз, но оваа пресуда Апелација ја укина на почетокот на април и го врати предметот на повторно одлучување.

Петрова: Вишиот управен суд оспори преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор

Вишиот управен суд оспори преку 3.000 акти за вработување во јавниот сектор, донесени без врзан потпис.

Од формирање на техничката влада до денот на распишување на изборите, вработени се 1.200 лица на неопределено време, 448 на определено, ангажирани се 1227 лица со договор на дело, а 99мина се унапредени, и сето тоа без врзан потпис на министерот за финансии и дополнителниот заменик-министер , за што Вишиот управен суд донел две пресуди со кои се оспоруваат вработувањата. За ова информираше дополнителната заменичка министерка за финансии, Елена Петрова, која нагласи дека сега треба да се води повторна постапка, односно Државната изборна комисија (ДИК) ќе треба да го разгледа секој предмет за вработување поединечно и да донесе одлука.

Врзаниот потпис е предвиден како гаранција дека дискрециските овластувања на министерот нема да се применуваат заради постигнување на политички цели и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.

Претходно Петрова обвини за незаконски вработувања во Министерството за здравство.

притисни ентер