Дака: Му дадов 300.000 евра на Кичеец за консултански услуги во времето на Груевски

„Му дадов 300 илјади евра на Кичеец уште кога Груевски беше премиер, но тоа не беше мито, туку за консалтинг.“ - вака српскиот бизнисмен Миоград Дака Давидовиќ во писмо до македонската јавност го објаснува разговорот од објавената аудио снимка.

„Му дадов 300 илјади евра на Кичеец уште кога Груевски беше премиер, но тоа не беше мито, туку за консалтинг.“ - Вака црногорскиот бизнисмен Миоград Дака Давидовиќ во писмо до македонската јавност го објаснува разговорот од објавената аудио снимка со Зоран Милевски – Кичеец на јутуб каналот „Раце лепливи“.

Српскиот бизнисмен Дака во отвореното писмо открива дека Кичеец се запознал кон крајот на 2016тата година, кога од угледен белградски бизнисмен му бил претставен како сериозен деловен човек од Македонија кој може да му ја пружи потребната поддршка и логистика за деловни проекти кои сакал да ги реализира во земјава. Тогаш и му исплатил 300-те излјади евра, кои се слушаат во објавениот разговор, а Кичеец за возврат требало да му обезбеди градежна дозвола за изградба на мини хидроелектрана и паркови за енергија од ветер на земјиште што Дака го поседувал во штипско..

-Со оглед дека во конкретниот случај се работеше за проект од повеќемилионска вредност износот не беше несразмерен со толку голема вредност на проектот. Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на г-динот Зоран Милевски во времето на Владата на г-динот Никола Груевски, а не во Владата на г-динот Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани. – пишува Дака.

Понатаму, бизнисменот вели дека Милевски не ги исполнл ветувањета и преземните обврски, а единствено успал да му договорил состанок со премиерто Заев, но и од него не произлегло ништо..

-Точно е дека на состанокот со премиерот г-динот Зоран Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер. Меѓутоа, соопштено ми е дека сите концесии за овој вид дејност се по повластени тарифи, веќе доделени, упатувајќи ме кај генералниот секретар на Владата, г-динот Драги Рашковски да му проверам какви се плановите на Владата за идниот период, врзано за доделување нови концесии. Меѓутоа, ниту до денешен ден не добив информација која би укажала дека во иднина би можел да очекувам реализација на наведениот проект. – пишува Дака.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска побараа Заев да каже што разговарал со Дака и го повикаа Јавното обвинителство да го истражи случајот.

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

притисни ентер