Д-р Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница - Канал 5

Д-р Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница

Владата не смее да ја игнорира опасноста која ни се заканува како последица од делта сојот на КОВИД 19, рече Д-р Оливер Зафировски од ВМРО - ДПМНЕ.. 

Д-р Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница

Според она што до сега им е достапно на експертите како информација, може да се утврди дека оваа мутација на вирусот е далеку повирулентна, по брзо се шири, ја зафаќа младата популација и можноста за компликации се поголеми, но од друга страна власта нема план на повидок како да го заштити населението.

Земјите во регионот и светот имаат строги контроли при влез на нивната територија, само во Македонија нема никаква контрола.

Малото присуство на КОВИД 19 во Македонија и големината на државата даваат одлична можност да се превенира огромен бран на есен. Се што треба да направи Филипче е да воведе систем на задолжително тестирање на граничните премини и на аеродромите, како ќе се превенира КОВИД позитивни да влезат на територија на Македонија слободно.

Во таа насока Филипче мора да го направи тестирањето во рамки на државата подостапно.

Крајно и најбитно е да се продолжи со вакцинација, но и со поголем опфат на населението. Вакцинацијата мора да биде масовна и да се искористи летниот период за создавање на што поголем колективен имунитет кај населението, што би довеле до тоа спремни да го дочекаме новиот бран на делта сојот на есен.

Потребно е власта да каже и како планира да обезбеди нови вакцини, но и до каде се најавените купени 800.000 Фајзерови вакцини и 200.000 вакцини Спутник, кои како што известуваа ги нарачале, а еве веќе 4 месеци ни трага ни глас од нив.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Време е за подобра иднина.

YouTube video

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.

Средба на претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски со новоименуваниот в.д. амбасадор на Катар

На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции.

Вршителот на должност во Амбасадата на Катар изрази силна поддршка за реализација на ваквите иницијативи, со уверување дека Катар останува посветен на зајакнување на правната соработка со Северна Македонија.

Претседателот Костадиновски на средбата ги презентираше досегашните активности на Судот, кои се во насока на доследно реализирање на неговата уставна улога и промовирање на транспарентноста и владеењето на правото.

Беа разменети мислења за работата и надлежностите на Уставниот суд, Заеднички беше констатирано дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива и да се унапредува, особено во полето на уставното судство.

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот

- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Средба Петар Богојески - Христијан Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, на која беше констатирано следното:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит,

ЦКА на Македонски Концепт

притисни ентер