Црвенковска: Намалувањето на бројноста на судиите штетно ќе се одрази врз функционалноста

Пред Судскиот Совет стои предизвикот за кадровско пополнување на судовите, како со судии, така и со администрација, особено заради фактот дека следува период во кој многумина судии ќе ги исполнат условите за пензионирање.

Тоа го истакна претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, на конференцијата посветена Стратегијата за реформа во правосудсниот сектор 2017 – 2022, во организација на Институтот за европска политика и Асоцијацијата Зенит, со поддршка на Европската Унија.

– Иако во Стратегијата за реформа на пправосудниот сектор 2017- 2022, но и во други документи, се посочува дека бројот на судии е поголем од европскиот просек кога се мери според бројот на населението, сепак нашите судии, според статистиката, имаат голем број предмети за решавање, па секое намалување на нивната бројност штетно ќе се одрази врз функционирањето на судскиот систем. Можеме во иднина да го отвориме ова прашање, особено кога ќе ги имаме резултатите од пописот, но потребно е време судовите да го совладаат големиот број предмети, а за тоа ни се потребни судии и судски службеници, рече Црвенковска.

Уште еден предизвик за Судскиот совет во следниот период, посочи таа, е финансиското осамостојување на судската власт со цел да се спроведат посуштински и посеопфатни реформи, а со крајна цел да имаме професионално и ажурно судство, но и задоволни граѓани кои ќе му веруваат.

– Советот е во постојана заложба за зголемување на средсвата кои се наменети за судството. Несомнено дека финансиската независност ќе ни донесе порационална распределба на средствата, ќе можеме побрзо и навремено да вработуваме, да планираме инвестиции, но и да се грижиме секој суд да функционира и да ја исполнува основната задача – низ транспарентни постапки да носи квалитетни пресуди, нагласи Црвенковска.

Во однос на насоките од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, таа истакна дека голем дел се реализирани, зголемена е транспаретноста на Судскиот совет со тоа што седниците на Судскиот буџетски совет се отворија за јавноста, а отворени остануваат и седниците на Судскиот совет.

Црвенковска ја посочила Методологијата со индикатори преку која ќе се утврдува сложеноста на судските предмети, документ кој неодамна е усвоен и кој наскоро ќе има пилот проект.

– Методологијата со индикатори ќе овозможи соодветна распределба на предметите, а судиите ќе ги ослободи од натрупаност со предмети, или едноставно судовите ќе испорачуваат поефикасна и навремена правда. Започнуваме со поставување на дигиталниот механизам преку кој ќе се внесуваат податоците за предметите, како докази, сведоци, планирани судења… и сето тоа ќе го означи предметот по својата сложеност. За почеток се предвидуваат три пилот судови, за потоа методологијата да се применува од страна на сите судии, рече Црвенковска./МИА

СДСМ: Лефков, засрами се – на душа ќе ги носите луѓето од Онкологија!

Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат, дури и во моменти кога луѓе умираат без терапија, а животите на пациентите се загрозени поради нивната неспособност.

Соопштение за јавност - реакција на изјавата на Миле Левков од ВМРО-ДПМНЕ

Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат, дури и во моменти кога луѓе умираат без терапија, а животите на пациентите се загрозени поради нивната неспособност.

Наместо да ги наведнат главите, да се фатат за работа и да свикаат итен кризен штаб за да ја решат состојбата, тие измислуваат лаги и го обвинуваат Филипче за своите неуспеси.

Со донации ќе купуваат лекови, тоа е решението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова само потврдува дека станува збор за луѓе без грам одговорност и човечност, без трошка лидерство и грижа за граѓаните. Единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа и рејтингот, а не како да помогнат на пациентите и да го решат проблемот.

Лефков, ти и твоите наредбодавачи, заедно со министерот за здравство кој десет дена се шета во Америка, нема да ги излажете ниту луѓето, ниту пациентите.

Вие ќе ги носите на душа сите кои сега страдаат и го ризикуваат здравјето и сте 100% одговорни за оваа состојба – никој друг!

Имајте малку човечност и малку одговорност барем во овие моменти и на овие теми. Зафатете се со проблемите и сфатете дека сте на власт! Не е опозицијата виновна за состојбите кои вие ги создавате.

Веќе помина цела година во оправдувања и обвинувања, но факт е дека сте елементарно неспособни да управувате со државата и институциите.

СДСМ

Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште

 Со пиштол на дијаболи во текот на вчерашниот ден било повредено девојче во училиште на подрачјето на општина Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Во 13:43 часот од основно училиште на подрачјето на Чаир било пријавено дека во училиштето, со пиштол на дијаболи, што го носел нивен ученик, повредена била малолетна ученичка.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во периодот од девет до 9:30 часот во училница, еден ученик го извадил пиштолот, што му бил одземен од друг ученик, кој пак испукал една дијабола и повредил ученичка. Таа била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување помош.

Пиштолот бил одземен од вработените, а увид извршила екипа од ЕВР - Чаир. По целосно документирање на случајот, како што наведуваат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК-надоградувањето на системот продолжува

Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) - оттаму нагласуваат дека надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата.

Од ЦУК потсетуваат дека единствениот повикувачки број за итни случаи е достапен на целата територија на државава.

- Пуштен е во употреба на 11 февруари 2022 година и постојано се надоградува и е отворен за надоградување согласно искуствата на европските држави, а и напредокот на технологијата. На пример, последно такво надоградување е остварување, односно примање повик од „паметен часовник“, кога има детекција на губење на пулс и алармирање - конкретно автоматско јавување на 112 во ЦУК, појаснуваат оттаму.

Како што додаваат, воведувањето единствен повикувачки број за итни случаи - 112 донело повеќе предности за граѓаните на кои им е потребна помош, а и на службите и институциите од системот за управување со кризи.

- Имаме единствен, универзален број за сите итни случаи, бесплатен е, интегрира различни служби за итни случаи, како што се полиција, противпожарна заштита и итната медицинска помош во еден обединет систем, лесен е за паметење и бирање, што го прави лесно достапен за населението, може да се бира од телефони без „сим“ (SIM) картичка или со заклучена тастатура, бирањето 112 од мобилен телефон, автоматски обезбедува точни информации за локацијата („ГПС“ - GPS координати) на јавувачот, овозможувајќи побрзо време за одговор, реагирање на терен, интеграцијата на службите за итни случаи - полиција, Итна медицинска помош и противпожарна заштита, овозможува поефикасно користење на ресурсите, затоа што повеќе институции, односно служби се координирани за и во согласност нивните активности од еден центар - ЦУК. Секако, покрај овие три институции, служби, кога е потребно за помош да се ангажираат и дополнителни други институции и служби од системот за управување со кризи, тоа се остварувфа повторно од истиот центар - ЦУК, истакнуваат од Центарот.

Се осврнуваат и на можностите на системот. Говорни повици - системот при директни телефонски говорни повици веднаш се има или го обработува повикот со координати (GPS) за локацијата на повикувачот, како што појаснуваат, овозможувајќи брза комуникација со повикувачите и ефикасно споделување информации со службите за брз одговор.

Системот, додаваат, поддржува примање и праќање на текстуални пораки со координати (GPS) за локација и е канал за комуникација со граѓаните „кои од какви било причини не можат да зборуваат и граѓани со потребни потреби - на пример, глувонеми лица“.

- Системот прима повици преку „и - кол“ директна врска со возила опремени со „и - кол“ модул. Тоа овозможува автоматско примање на гласовни повици на 112 во ЦУК со координати (GPS) за локацијата на повикувачот, во случајот возилото, кога модулот ќе детектира сериозен судар. Системот автоматски обработува текстуални пораки што содржат координати (GPS) за локација од „андроид“ апарати што имаат инсталирано СОС апликации што испраќаат порака до 112 во ЦУК, во случај на детектиран сериозен судар или пад. При сериозен потрес или судар, „ајфон“ уредите автоматски испраќаат снимена порака со координати (GPS) за локација, овозможувајќи итна реакција дури и ако корисникот не е во состојба самиот да се јави на 112 и да побара помош, појаснуваат од ЦУК.

Системот прима повици од „паметен часовник“ (Google pixel watch 3), истакнуваат од ЦУК, преку „андроид“ телефон со што е поврзан и има напредни сензори за следење на здравјето на корисникот меѓу кои и детекција на губење на пулсот („loss of pulse detection“).

- Кога истиот ќе регистрира продолжен период без пулс на корисникот, часовникот автоматски иницира повик до 112 со снимена порака со информации за итноста и точната локација (GPS координати) на корисникот. Системот за итни повици 112 во ЦУК овозможува и е отворен за интегрирање на други напредни технологии преку што граѓаните ќе можат да добијат итни услуги ако за тоа имаат потреба, потенцираат од Центарот.

притисни ентер