Црна кампања, меѓусебни обвинувања -„рецепт“ за помала излезност на изборите!

Уште осум дена преостануваат до крајот на изборната кампања. 

Влегуваме во последната недела од изборната кампања, доколку партиите продолжат со невкусна политичка битка за гласови и дискредитација на опонентот, како случајот со објавувањето на нелегално снимените материјали, големи се шансите да предизвикаат контра ефект кај граѓаните особено неопределните, оценуваат аналитичарите. Според политикологот Марко Трошановски, партиите со досегашниот сензационалистилки пристап, ризикуваат слаба излезност на избори.

,, Самата изборна кампања незначително ги менува соодносите на партиските табори кои веќе се имаат одлучено во огромен дел кој кого ќе го поддржи, дали малите партии дали големите. Особено делот на снимените материјали што се објавуваат, мислам дека ќе имаат многу слаб ефект врз придобивање на гласачи, особено што преголемиот оптек на истите го намали ефектот којшто истите го имаат врз граѓаните. Така што, евентуално луѓе можат да останат уште повеќе дома и да не излезат на гласање отколку да бидат мотивирани од тие „бомби“. Дополнително, ситуацијата со коронавирусот и здравствените ризици ќе ја намали излезноста значително, вели претседателот на Институтот за демократија во Скопје, Трошановски.

Редно време е во второто полувреме од изборната кампања да слушнеме позитивна реторика, вели аналитичарот Алберт Муслиу. И тој е на став дека повеќето граѓани досега се определени за кого ќе гласаат, односно стандардните поддржувачи на партиите. Последнава недела според Муслиу ќе биде клучна во борбата неопределените.

,, Тие кои се партиски војници, нив партиите се трудат да ги охрабрат да излезат, повеќе отколку да ги мотивираат да гласаат. Оваа недела таа партија што ќе се труди да наметне повеќе позитивна енергија и ентузијазам кај граѓаните мислам дека ќе биде таа која реално и подобро стои на теренот. Што понегативно делуваат партиите оваа недела значи дека бројките не им се добри и ќе се трудат со негативна кампања да ги обесхрабрат гласачите на своите противници, смета Муслиу.

Како што изборната кампања ќе влегува во финиш, аналитичартите очекуваат да се менува и пристапот на партиите во зависност од нивната позиционираност кај гласачите.

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер