Црн рекорд: Починале 51 заболен, регистрирани се 1.302 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19 .

Во Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти од:

Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.

Пријавени се вкупно 51 починати лица: 20 од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г). Педесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Направени се 4.438 тестови преку: ИЈЗ-714, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–75, МАНУ-175, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-386, Биотек-340, Систина-312, лабораторија Лаор-402, Синлаб - 94, Ремедика-51, Плодност – 112, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.379.

Досега во земјата се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 61556, активни 10838

Прилеп 7399, активни 1055

Куманово 7351, активни 1150

Тетово 6571, активни 680

Битола 5030, активни 1149

Велес 4826, активни 813

Гостивар 4752, активни 524

Кавадарци 4695, активни 733

Штип 4458, активни 484

Охрид 4384, активни 804

Струмица 3466, активни 445

Струга 2763, активни 272

Кочани 2384, активни 281

Кичево 2148, активни 264

Неготино 2014, активни 360

Гевгелија 1967, активни 404

Свети Николе 1333, активни 133

Крива Паланка 1119, активни 112

Ресен 1093, активни 218

Радовиш 970, активни 145

Берово 922, активни 149

Дебар 880, активни 55

Делчево 877, активни 105

Пробиштип 725, активни 84

Виница 660, активни 97

Валандово 566, активни 102

Крушево 445, активни 123

Богданци 431, активни 71

Демир Капија 375, активни 61

Кратово 339, активни 26

Демир Хисар 336, активни 44

Македонски Брод 322, активни 49

Пехчево 239, активни 28

Македонска Каменица 212, активни 16

Дојран 120, активни 17

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал

Светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра со Рафаел Надал пред да се повлече од тенисот.

-Имам голема почит кон легенда како Рафа и се надевам дека ќе играм со него барем еднаш пред да му заврши кариерата. Тој е добра личност и легенда на нашиот спорт. Тој е мојот главен ривал. Во Австралија реков дека се надевам дека ќе го видам барем на уште еден или два турнири. Сè уште верувам во тоа, сподели Новак за еден од неговите најголеми ривали во кариерата.

Шпанскиот репрезентативец веќе неколку пати сигнализираше дека наскоро може да стави крај на својата натпреварувачка тениска кариера. /МИА

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

притисни ентер