Црква во Јужна Кореја : Верниците се молат во автомобили , свештеникот на бина (ВИДЕО)

Некои цркви во Јужна Кореја започнаа да нудат верски служби од автомобил , додека други пренесуваат верски обреди преку интернет за да ги заобиколат строгите мерки за спречување на новиот коронавирус.

Градската црква во Сеул е меѓу оние кои нудат миса за верниците додека седат во своите автомобили и да се молат. Околу 150 автомобили имаше денеска на еден ваков паркинг.

Бројни цркви во Јужна Кореја беа критикувани последните неколку недели за продолжување на одржувањето верски служби во нивните простории и покрај официјалната кампања за да се избегнат социјалните контакти за да се спречи ширењето на вирусот.

Градот Сеул планира да покрене правно дејствие против протестантската црква Саранг Џели затоа што во својата зграда одржувала миса и покрај забраната за масовни собири, објави во неделата јужнокорејската агенција Јонхап.

Градот испрати тројца службеници во црквата за да проверат дали е во согласност со мерките за коронавирус.

Според Јонхап, најмалку две други цркви во главниот град на Јужна Кореја ги прекршиле прописите.

Во саботата, владата на Јужна Кореја објави дека мерките за спречување на Ковид-19 биле продолжени за две недели и покрај јасниот пад на бројот на нови случаи. Во саботата се пријавени 81 нови заразени и има 10.237 досега.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер