Cocktail Master – Badel Masterclass - Канал 5

Cocktail Master – Badel Masterclass

Cocktail Master – Badel Masterclass
🎬 Еве што ве очекува вечерва во 22 часот, само на „You Tube“ канал на Канал 5 телевизија Поминa првата епизода од регионалното шоу „Коктел Мастер – Бадел Мастерклас“ - Втората е уште повозбудлива и нè води во Сараево! Жирито, но и преостанатите натпреварувачи се на нова задача! Ќе имате можност да видите ново ниво на натпреварување, како и уникатни комбинации на вкусови кои можеби никогаш не сте ги замислиле. 🍸 100 натпреварувачи, 11 епизоди, 1 победник и награда од 30.000€! 🎥 Следи ја возбудата, креативноста и вкуси го миксот на страст и професионализам! Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Пронајдени повеќе од 80 нацистички кутии во подрумот на Врховниот суд во Аргентина

Десетици кутии со нацистички документи запленети од аргентинските власти во текот на Втора светска војна неодамна повторно се откриени во подрумот на Врховниот суд на Аргентина.

Пронајдени повеќе од 80 нацистички кутии во подрумот на Врховниот суд во Аргентина

Врховниот суд соопшти дека 83 кутии со документи во јуни 1941 година биле испратени од Амбасадата на Германија во Токио со јапонскиот пароброд „Нан-а-Мару“ во Аргентина.

Тогашните аргентински власти стравувале дека содржината на документите можеле да влијаат врз неутралноста на Аргентина во Втора светска војна. Германските дипломати тврделе дека во кутиите има лични предмети, но аргентинската царина пронашла разгледници, фотографии и пропаганден материјал на нацистичкиот режим и ги запленил материјалите.

Сè уште е непознато зошто предметите биле испратени во Аргентина ниту што тогаш презел Врховниот суд на Аргентина.

Осумдесет и четири години подоцна судските службеници ги пронашле кутиите додека подготвувале материјали за музејот на Врховниот суд.

Судот соопшти дека материјалите биле за ширење на идеологијата на Адолф Хитлер во Аргентина во текот на Втора светска војна.

Врховниот суд го повика Музејот на холокаустот во Буенос Аирес да учествува во пописот и зачувување на документите.

Аргентина беше неутрална до 1944 година, кога ги прекина дипломатските односи со силите на Оската и идната година му објави војна на Германија и Јапонија. Од 1933 до 1954 година, според Музејот на холокаустот, 40.000 Евреи бегајќи од нацистичкиот прогон во Европа пристигнале во Аргентина, која е дом на најголемата еврејска популација во Јужна Америка. /МИА

Амбер Херд стана мајка на близнаци – девојче и момче

​Амбер Херд (38) ја објави радосната вест дека стана мајка на близнаци – ќерката Агнес и синот Оушн. 

Амбер Херд стана мајка на близнаци – девојче и момче

Актерката сподели на Инстаграм фотографија од нивните стапала и порача дека годинава го слави „завршувањето на семејството за кое сонуваше со години“.

Амбер веќе е мајка на ќерката Оунага, родена во 2021 година, и нагласува дека децата ги добила „по свои услови“.

„Денес официјално ја споделувам веста дека добредојдовме близнаци во семејството Херд. Ќерка ми Агнес и син ми Оушн ми ги исполнуваат и рацете и срцето.“

„Кога ја добив мојата прва ќерка Оунага пред четири години, мојот свет засекогаш се промени,“ продолжи таа.

Можеби ве интересира: Амбер Херд ја продаде куќата во Калифорнија за милион долари

„Мислев дека не можам да бидам посреќна – а сега, се чувствувам како да експлодирам од среќа тројно!!!“

„Да станам мајка самата и според мои правила, и покрај моите предизвици со плодноста, беше најпонижувачкото и највеличествено искуство во мојот живот,“ напиша Амбер.

„Вечно сум благодарна што можев да ја направам оваа одлука одговорно и промислено.

На сите мајки, каде и да сте денес и како и да сте стигнале до таму – јас и моето семејство од соништата славиме со вас.“

Таа ја заврши емотивната објава на Инстаграм со: „Со љубов секогаш, А x“

Можеби ве интересира: Првата сопруга на Џони Деп: Тоа што му го направи Амбер Херд е ужасно

По судењето со Џони Деп во 2022 година, се пресели во Шпанија, каде што живее далеку од очите на јавноста. Не е познато дали е во врска.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Општина Центар-Скопје објавува Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на нејзина територија, согласно Програмата за комунални дејности за 2025 година (Потпрограма ГДО).

„Ги повикувам сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови да аплицираат и да ги искористат средствата што ги нудиме. Ова е можност да се подобрат условите за живеење, безбедноста и енергетската ефикасност во вашите згради,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).

Пријавите се поднесуваат во затворен плик, во Архивата на Општина Центар (барака 6) или по пошта, на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, во периодот од 10 мај до 30 јуни 2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните жители може да се информираат на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25179 или на општинската веб-страница.

Општина Центар

притисни ентер