Cocktail Master – Badel Masterclass - Канал 5

Cocktail Master – Badel Masterclass

Cocktail Master – Badel Masterclass
Вечерва во 22 часот премиерно на „You Tube“ канал на Канал 5 телевизија погледнете ја првата епизода од регионалната шоу-програма Коктел Мастер – Badel Masterclass. Новиот концепт на шоу-програмата - Коктел Мастер – Badel Masterclass ќе се емитува ексклузивно на „You Tube“ канал на Канал 5, а вечерва започнува загревањето за наредните 11 епизоди, кои ќе се прикажуваат во работните денови точно во 22 часот. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Од денеска привремена промена во сообраќајот на патот Желино - Тетово поради геодетско снимање

Од денеска ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. 

Од денеска привремена промена во сообраќајот на патот Желино - Тетово поради геодетско снимање

На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. АМСМ соопшти дека работите ќе траат до нивно завршување.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот. 

Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

-Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот, се наведува во повикот на МОН.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог доставува и документи кои се наведени во објавениот повик.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека по различни настани во европски и светски рамки, има нов политички моментум за зголемена волја на државава да го забрза евроинтеграциски процес.

-Што се однесува до парламентарната дипломатија навистина е нешто што е врвен проритет за мене. Сакам да го развиеме како држава. Тоа е еден тренд кој се развива во поразвиените демократии. Токму заради ова јас имав да реализирам историски средби во Берлин, Париз, Стокхолм, Брисел, Европскиот Парламент и во седиштетот на НАТО. По настаните во Украина, војната и по претседателските избори во САД, има нов политички контекст и моментум за зголемена волја за нашата држава да го забрза нејзиниот интегративен процес, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Спикерот потенцира дека државата има многу пријатели кои сакаат да помогнат и се надева дека ќе се надмине препреката, односно гласањето на уставните измени.

-Така да, работиме на сите нивоа, и јас како претседател на Собрание, ги користам сите алатки и можности за развивање на оваа парламентарна дипломатија, а во овој контекст работиме најмногу за објаснување на ситуацијата која ја имаме со најголемата препрека, а тоа е уставните измени. Имаме многу пријатели, сакаат да ни помогнат и јас се надевам најискрено дека конечно ќе успееме да ја преминеме и оваа препрека, рече Гаши.

притисни ентер