ЦКП: Општина Струмица прави значаен чекор кон одржлива иднина „Патоказ за еко-паметна општина“

 Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД, го започна проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ ч.

Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД, го започна проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ чија цел е промовирање на одржливо живеење и создавање функционален систем за управување со отпад во Општина Струмица.

Како што информираат од Центарот за климатски промени проектот има за цел да ги промени навиките на граѓаните за депонирање на отпадот и да ја подигне свеста за важноста на селекцијата на отпадот, а истовремено да ги намали трошоците за постапување со отпадот и да ги зголеми приходите од продажба на отпадна пластика.

- Горди сме што ја имаме Општина Струмица како наш партнер во оваа иницијатива и импресионирани сме од посветеноста и ентузијазмот што Општината и Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец” – Струмица го покажаа во овој проект кои денеска заедно освен 100 канти предвидени од проектот доделивме дополнителни 1 100 канти бесплатно, тоа се вкупно 1 200 опфатени домаќинства! Овој пилот проектот за селекција на пластичен отпад во домаќинствата е значајна пресвртница во грижата за животната средина. Веруваме дека оваа иницијатива ќе ги инспирира и другите општини да го следат примерот и да работат кон поодржлива иднина, посочила Бојана Станојевска - Пецуровска, претседателка на Центарот за климатски промени.

Проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ бележи успешна соработка помеѓу јавните власти и граѓанските организации за справување со еколошките предизвици.

Атина денеска без такси превоз

 Атина денеска е без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите организиран од нивниот синдикат за проблемите во конкретниот сектор.

Од синдикатот на такси возачите велат дека Владата ги игнорира нивните барања и е рамнодушна кон главните проблеми со кои се соочуваат.

Штрајкот започна во 6 часот утрово и ќе заврши утре, исто така во 6 часот.

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати покани до 120 светски лидери за вториот Самит на демократијата, што е закажан за следната недела.

Неименуван претставник на американската администрација изјави дека поканети се и претставници од осум земји кои не беа на првиот Самит на Белата куќа во 2021 година. Босна и Херцеговина, Гамбија, Хондурас, Брегот на Слоновата Коска, Лихтенштајн, Мавританија, Мозамбик и Танзанија добија покани за овогодишниот Самит откако беа изоставени од листата на покани за Самитот во 2021 година.

Пред Самитот, на 28 март предвидено е украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на настан посветен на неговата земја, заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Самитот на демократијата годинава ќе се одржи на 29 и 30 март, а коорганизатори ќе бидат владите на Костарика, Холандија, Јужна Кореја и Замбија.

Првиот ден од Самитот ќе биде во виртуелен формат.

Според претставниците на Белата куќа, претседателот Џо Бајден ќе се обиде да нагласи дека настаните од минатата година покажаа со полна сила дека демократската влада, заснована на владеењето на правото и волјата на граѓаните, и покрај нејзините чести нарушувања останува најдобар систем за промовирање на просперитет и мир.

Бајден првично ја изнесе идејата за Самит за демократија за време на неговата кампања во 2020 година.

Детска балетска претстава Петар Пан

 Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска.

Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.

Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски –Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во овој музичко балетски спектакл учествуваат и 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл.

Детската балетска претстава за Петар Пан, момче што не сакаше да порасне, ќе биде изведена од 17:30 и 20 часот на 31 март, а билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.

притисни ентер