Ципрас ѝ честиташе на грчката Влада за фразата „историскиот Договор од Преспа"

Фразата „Историскиот Договор од Преспа" во заедничката изјава Грција – САД, по коментарот на лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, беше променета во „Договорот од Преспа" и избришана придавката „историски".

-(САД и Грција) ја потенцираат континуираната важност на историскиот Договор од Преспа, по што следеше и членството на Македонија во НАТО, притоа истакнувајќи ја важноста на доследната имплементација на договорот со добра волја, пишуваше во заедничката изјава Грција – САД во делот посветен на регионалната соработка, што претпладнево грчкото МНР ја испрати до медиумите, но и ја објави на официјалниот сајт, по средбата на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со американскиот државне секретар Мајк Помпео.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на крајот од неговиот говор за време на седницата во Парламентот посветена на целосно друга тема, односно на расправа за предлог закон од Министерството за финансии, не испушти да ја коментира конкретната фраза „историскиот Договор од Преспа".

Ципрас рече дека мора да им честита на Мицотакис и на Владата што се согласуваат дека станува збор за историски договор.

-Пред да заминам од говорницата, да не испуштам, Дами и Господа од Владата и парламентарното мнозинство, за веќе да не велите дека постојано сум строг и нељубезен со вас, да ѝ честитам на вашата Влада и лично на господинот Мицотакис за заедничката изјава на министерот за надворешни работи, господинот Дендиас со неговиот американски колега за стратешката соработка Грција -САД, која беше денеска објавена, секако непреведена, на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи и во кое, како грчката, така и американската Влада, заедно го поздравуваат, како што велат, историскиот Договор од Преспа, рече Ципрас, пренесе МИА.

Лидерот на СИРИЗА, ѝ порача на Владата дека „сега кога сите се согласуваме дека е историски договорот", да ги донесе за ратификација во Парлаламентот трите договори со Македонија и секој од 158-те пратеници на Нова демократија да гласа позитивно, повторувајќи го неговиот став дека тоа ќе бидат и 158 „извини".

По коментарот на Ципрас и речиси пет часа по првото соопштение, Министерството за надворешни работи на Грција објави корекција на заедничката изјава Грција -САД за разгледаниот стратешкиот дијалог на високо ниво меѓу двете земја, во која беше избришан зборот „историски" пред Договорот од Преспа.

За новата заедничка изјава, со соопштение реагираа од опозициската СИРИЗА, велејќи дека досега не се случило „дипломатијата на земјата да ги моли САД да издадат ново коригирано заедничко соопштение и да го избршат зборот историски, што ги потврдува подбивот и предизборните лаги на Мицотакис"./MИА

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на страт

После скоро една година блокада од страна на собраниската комисија за финасирање и буџет, Собранието, денес ги донесе измените во предлог Законот за стоковите резерви.

Со законските измени се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

Ваквите измени во законот за стоковите резерви следуваат, на иницијатива од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот.

Во таа насока МЗШВ, уште во 2022 година, до Владата, достави Информација за засеани површини и остварено производство со оризова арпа во 2021 година и анализа на сегашните состојби со оризопроизводството.

Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви.

Предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за финасирање и буџет.

Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300% се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив.

Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, сопштуваат од МЗШВ.

Нејмар подготвува фудбалски „земјотрес“ – ќе ги остави арапските пари за враќање во Барса

Нејмар пред седум години ја напушти Барселона во трансфер кој и денес е рекордно висок, а според шпанските медиуми се чини дека би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Имено, Барселона во 2017 година го продаде Бразилецот на ПСЖ за 222 милиони евра, а минатата година тој се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија за 90 милиони евра, каде што игра за плата од 150-160 милиони евра по сезона. Тој моментално се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.

Тој одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден и асистираше три гола, пред да заработи повреда во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2026 година на гостувањето кај Уругвај во октомври минатата година. Откако беше обелоденето дека нема да може да игра до крајот на сезоната, реагираше Ал Хилал кој го симна од списокот на пријавени играчи за да направи место за уште еден странец во нивниот ростер.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте и дека овие контакти резултирале со желба да се врати. Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден за најдобриот тим во Лигата на шампионите и два за најдобриот во шпанското првенство. Вкупно за Барселона одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.

Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види колку Нејмар е физички подготвен за напори во Ла Лига и Лигата на шампионите. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

притисни ентер