Чулев: Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ

Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ за да ги сочуваат привилегиите и власта.

На вчерашниот протест Оливер Спасовски и неговите партиски пулени, исклучиво раководејќи се од партиски интереси и желба за зачувување на власта по секоја цена, дозволија да се случи сериозен безбедносен инцидент во кој лесно можеше да се случи да се изгубат и човечки невини животи, со понатамошни далекусежни последици по безбедноста и стабилноста на државата.

Имено, протестот беше уредно најавен, со однапред позната маршута на движење и точки на застанување. МВР е должна да изготви оперативен план каде ќе предвиди мерки и активности за физичко, оперативно и сообраќајно обезбедување на протестот. Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи е должен секогаш кога има протест да организира освен одржување на јавниот ред и мир и заштита на виталните државни објекти, да обезбеди и повторувам непречено одржување на протестот и заштита на безбедноста и животот на учесниците во протестот.

Оперативното планирање се врши врз основа на безбедносна проценка која вклучува безбедносни ризици вклучително и безбедносен ризик за учесниците на протестот. Притоа, се утврдуваат и сектори односно критични безбедносни точки каде што би можело да дојде до сериозни безбедносни инциденти односно нарушување на јавниот ред и мир.

Во таа насока согласно безбедносната проценка и оперативниот план се предвидува и соодветен распоред на полициски сили и средства и мерки и активности кои треба да се преземат. Речиси секогаш во досегашните оперативни планови секторот Мавровка односно плоштадот Скендербег е идентификуван како критична безбедносна точка.

За време на вчерашниот инцидент, од причини познати на министерот, на оваа локација, каде е неопходно дури и висинско обезбедување, видливи беа само тројца позорникари. Ова значи дека целосно е потфрлено во физичкото обезбедување со непредвидување на доволен број на полициски сили и соодветни материјално-технички средства.

Дополнително, од професионално неразбирливи причини, мистериозно затаило и оперативното обезбедување, во насока на благовремено информирање за групирање на лица со намера за попречување на протестот и загрозување на јавниот ред и мир и односно загрозување на безбедноста односно животот на протестантите.

Едноставно кажано Оливер Спасовски воопшто не водел грижа за безбедноста на граѓаните учесници во протестот. Од овие причини и непреземање на мерки и активности дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, предизвикување на општа опасност и други кривично-правни дејствија. На овој начин од страна на партиските послушници на Оливер Спасовски е сторено кривично дело несовесно вршење на служба. Должност и задача на министерот и неговите соработници е да ја заштитат безбедноста на учесниците на протестот, а тие очигледно тоа не го направиле загрозувајќи го нивниот живот.

Инфилтрирани провокатори, провокативни легитимирања, уцени, закани, прекумерна употреба на брутална сила, непреземања на должни дејствија и друго е само дел од modusot operandi на овој хибриден режим во насока на модерирање на гневот на граѓаните особено на младите протестанти и предизвикување на инциденти и ескалација на протестот со крајна цел дискредитација и угушување на сенародниот граѓански протест.

Оливер Спасовски треба кривично да одговара и самиот да си поднесе оставка. Оставка треба да си поднесе и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој повикуваше и се закануваше со етнички инциденти доколку не помине предлогот со кој Македонија ќе се асимилира и бугаризира.

Оставки затоа што тргнаа против својот народ за да ги сочуваат привилегиите и власта.

На крај, дозволете да испратам порака до полициските службеници и припадниците на безбедносните служби.

Почитувани колеги, знам дека овие денови сте предмет на енормни политички притисоци. Знам дека најголем дел од вас се патриоти кои душа ги боли за Македонија. Знам дека многумина од вас сте подложни на континуиран мобинг, дискриминација, дисциплински постапки, суспензии, осветнички наредби за прераспоредување.

Судбина која заеднички ја споделуваме, меѓутоа достоинството и слободата немаат цена. Мојата порака да вас е бидете истрајни и силни и продолжете чесно, достоинствено и професионално согласно законот да ги вршите вашите обврски и не дозволувајте по никоја цена партиски директиви да бидат основа за ваше постапување.

Се е минливо. Се ближи денот кога оваа хибридна власт ќе падне. А, по падот на оваа ненародна власт повторно ќе се врати системот на кариера, ќе се почитува професионализмот и ќе се наградуваат најдобрите. А, сите вие кои сте неправедно дискриминирани верувајте ќе го добиете заслуженото место.

Наќе Чулев

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски од Маврово Ростуше: Граѓаните во сабота масовно да го поддржат Мевмед Џафери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше во Маврово Ростуше, се наведува во партиското соопштение.

Денеска ги посетивме Сретково, Врбен и Маврово.

Четири години беа сосема доволни за граѓаните да видат дека актуелната локална власт предводена од актуелниот кандидат на СДСМ немаат квалитет да го подобрат животот во оваа општина.

Во сабота граѓаните на Маврово Ростуше масовно ќе го поддржат концептот на ВМРО - ДПМНЕ за промени и проекти кој веќе со месеци се имплементира во најголемиот дел од општините во Република Македонија.

На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа да го средуваме Маврово Ростуше, општина која е национална гордост.

Разбиена е „крофна мафија“ на Халкидики, се води војна меѓу албански и бугарски кланови (ВИДЕО)

Грчките медиуми објавија документи за операциите на „крофна мафијата“ на плажите на Халкидики, чии членови неодамна биле уапсени од грчката полиција.

Како што пренесуваат медиумите во Грција, членовите на криминалната организација ги принудувале луѓето на кои им биле потребни пари да продаваат крофни на екстремно високи температури, а потоа им земале поголем дел од пазарот, често со физичка принуда. Од производителот наводно ги купиле крофните за 50 центи, на продавачот му дале 50 центи, а добивката од едно или две евра одела во џебовите на организаторите на „акцијата“.

Просечно продавале околу 600 крофни дневно, а заработката изнесувала меѓу 600 и 1.200 евра, во зависност од тоа дали една крофна чини две или три евра. Споменатото апсење не е прв случај на апсење на членови на „крофна мафијата“ во Грција. Минатата година грчките медиуми објавуваа за оваа криминална група, наведувајќи дека на овој дел од грчкото крајбрежје се водат вистински војни меѓу „клановите“ на продавачи на крофни. Војната главно се води меѓу бугарски и албански граѓани, кои сакаат да го постигнат приматот во продажбата на крофни на плажите на Халкидики, пишуваат медиумите.

„Слушнав истрел и некој рече дека ќе земе граната. За среќа, луѓето излегоа и бев спасен“, е сведоштвото на четириесет и четиригодишен Грузиец кој бил жртва на напад на плажа на Неа Мармарис на Халкидики.

Странец кој живее во Грција во последните 25 години и продава крофни, преку своето сведочење, што го откри грчкиот портал „protothema.gr“, го опиша нападот на „мафијата за крофни“ На празна улица во Никити, четири непознати мажи се забарикадирале се неговиот автомобил, го паркирале возилото, црн „фолксваген“ туарег со покриени регистарски таблички, му го попречиле патот.

„Сигурен сум дека ме нападнаа затоа што продавав крофни на плажите на Халкидики“, додава тој.

Од автомобилот излегле четири лица, кои заедно со уште двајца поминале покрај автомобилот на продавачот на крофни и почнале да го удираат. Истовремено, дел од сторителите фрлале камења кон жртвата при што ги оштетиле стаклата на возилото. Додека жртвата постојано била удирана со тупаници, видел како еден од нив вперил пиштол кон него и пукал. Куршумот не го погодил, додека веднаш по пукањето слушнал како еден од напаѓачите вели: „Земете ја гранатата и одиме“.Потоа сторителите побегнале со автомобил кон плажата.

„Сите излегоа и застанаа до моето возило. Се обидоа да ја отворат вратата, но прво не успеаја. Потоа еден почна да фрла по мене со големи камења, друг ме удри со тупаница по лицето, додека третиот ме клоцна по ребрата.Ја покрив главата со рацете бидејќи силно ме удираа.

Одеднаш слушнав истрел и луѓето кои дотогаш ме удираа одеднаш рекоа некој да ја најде и да ја земе гранатата. За среќа, луѓето излегоа на балконите и терасите, тие влегоа во Туарегот и отидоа на плажата Никити“, го опишува нападот Грузиецот.

Во контекст на претресот на возилото, идентификуван е обвинетиот К., за кој се вели дека е мозокот на организацијата „крофна мафија“.Туарегот што го управувал имал траги од удар на предниот десен браник, што ја потврдува жртвата и описот на вмешаноста на возилото во нападот врз него. Во автомобилот бил пронајден нож со сечило од 6,5 сантиметри. При усен распит, К. признал дека учествувал во нападот на четириесет и четиригодишникот и конкретно признал дека го удрил двапати по лицето, но негирал дека пукал и вмешал други луѓе.

Како причина за инцидентот, тој навел претходен, несреќен, полесен судир меѓу неговото и оштетеното возило, за кое изјавил дека не знаел, па успеал да ги убеди истражителот и обвинителот да го ослободат под рестриктивни услови до судењето. Наводниот водач на бандата и извршител на нападот и претходно ги загрижил властите бидејќи против него е поведена постапка за повеќе тешки кривични дела, како што се разбојништво, изнуда, киднапирање, кражба, кражба на животни, прекршоци со оружје, како и за телесни повреди и закани .

Како што пишуваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во групата „Во живо од Грција“, оваа приказна продолжила и оваа година. Уапсени се сите членови на криминалната организација, околу дванаесет, чиј лидер бил триесет и деветгодишен Грк. Оваа група принудувала странци да продаваат крофни во нивно име на 19 плажи на Халкидики. Тие се уапсени на возраст меѓу 17 и 52 години, пишуваат медиумите.

Со закани по живот, физички казни, вклучително и споменатото пукање минатата година, успеале да ги растераат и другите продавачи на брза храна по плажите. Истовремено уценувале и изнудувале барови на плажа и ресторани за брза храна. Како што јавија медиумите, констатирано е дека во најмалку седум случаи членови на споменатата криминална група употребувале закани по живот, нанесувајќи и физички повреди и огнено оружје против други.


Бугати со таинствена најава за новиот модел (ВИДЕО)

Големото деби ќе се случи на 19-ти овој месец во Quail, собир организиран како дел од Monterey Auto Week.

Bugatti не открива многу, но описот на најавата звучи дека овој автомобил ќе биде доста значаен. Имено, видеото на кое се гледа само задното светло во форма на V не открива многу, но е придружено со описот „последниот автомобил од ваков вид“.

Со оглед на моменталната електрификација, работите се прилично јасни за овој мистериозен автомобил. Ова е веројатно последниот дериват базиран на Chiron и последното Bugatti во чист октански облик, без електрична помош. Сè потоа ќе биде под силно влијание на новото раководство на компанијата, кое веќе се одлучило за електрификација. Прашање е само колку тоа ќе влијае на наследникот на Chiron.

Chiron и сите негови верзии се распродадени, а наследникот најверојатно ќе треба да почека до 2024 година, кога ќе биде првпат претставен.

притисни ентер