Чулев: Ќе има дисциплинска постапка за вчерашното однесување полицајците во Чаир

Ќе се утврдува евентуална одговорност кај полицајците, кои вчера рамнодушно ги посматраа случувањата во скопски Чаир, каде освен раздвиженост, работеше и локална продавница.. 

Продавницата во Чаир. најверојатно, нема да сноси никаква одговорност то среде полициски час, ги отвори вратите за граѓаните... Првиот човек на МВР, Чулев вели дека контролата требало да ја напрви Државниот пазарен инспекторат, а тие ќе проверат дали евентуално некој од полицијците на блискиот пунк замижал пред очигледното прекршување на забраната за движење..

,,Во однос на работењто на колоонијалите не е во надлежност на мвр туку опрашањето треба да се опстави до државниот апзарен инспекторат , дозвола даваат локалниоте кризни штабови но тие дозволи се за продавање со деливери, со разнесување до домовите каде се порачани во конкретниот случај работењето на продавницата е во надлежност на државниот пазарен инсопекторат.

Од Државниот пазарен инспекторат пак велат дека тие можеле да интевренираат само ако на лице место констатираат прекршување, но за тоа требало да ги извести полицијата..

Чулев, Прашан за која цел портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја користел дозволата за движење за време на полицискиот час – одговори дека одобренијата ги издава Министерството за информатичко општество, а МВР проверува дали се оригинални или не. Но, од Министерството за информатично општество, велат дека не му издале дозвола на Арсовски, бидејќи не се даваат дозволи на политички партии.... Додека портпаролт на ВМРО ДПМНЕ вели дека поседува уредна дозвола му ја издал работодавачот, односно партијата..

Канал 5 испрати прашања до првиот човек на полицијата и очекува одговор за тоа:

Дали министерот чувствува одговорност дека дел од полициските службеници деновиве не ги прифаќаа електронските дозволи за движење, и бараа тие да бидат отпечатени, бидејќи дел од нив прв пат слушаат за читат од QR код ? Дали знае колку од луѓето кои се во самоизолација слободно се шетале ? Но и за тоа, дали постои дискриминациај доколку се утврди дека навистина на службен разговор било повикано лице кое на Фејсбук поставило слика при посета на гроб на свој починат, на сметка на прекшителите на уредбите при собирањето на литијата и во џамиите, за кое сведок беше и целата јавност.

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

притисни ентер