Чомовски: Прв пат се организира средба без странски фактор и тоа може да биде добар знак - Канал 5

Чомовски: Прв пат се организира средба без странски фактор и тоа може да биде добар знак

„Катастрофално е молчењето на Парламентот изминатите две недели“

Чомовски: Прв пат се организира средба без странски фактор и тоа може да биде добар знак

Не сум сигурен дека средба Мицкоски - Филипче може да има „пржинско“ значење и не сум сигурен дека може да предизвика релаксација на меѓусебните односи зошто корените на атрофијата на системот ги зафаќа подеднакво во политичко-партиската историја и на двете македонски политички конфронтирани сили. Прашањето на „тивкоста“ што ја заговара Премиерот, е прашање на методолигија како ќе се организира тоа. За прв пат ако не се лажам, во Македонија прв пат се организира средба без странски фактор и тоа може да биде еден знак на добрата страна на средбата меѓу двајца одлични експерти во своите професии. Меѓу себе и двајцата имаат еден есхоластичен речник, речник на краткоста на дијагнозите и краткорочноста на решенијата на тие дијагнози. Македонија од оваа позиција на траорност мора да влезе во динамиката на политичките случувања, катастрофално е молчењето на Парламентот изминатите две недели, основната функција на Парламентот е да заседава во коннтинуитет, ако емоциите ги водат во Парламент отиде државата, вели Александар Чомовски во Само Вистина.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Иако се шпекулираше дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига, 34-годишниот француски крилен напаѓач Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.

Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.

Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.

Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА

притисни ентер