Поенти:
Самоил Малчески:
- Можеби се создала таква перцепција за ДУИ поради она што го гледаа граѓаните во минатото а тоа е арогантниот однос на Груби, играње фудбал и кошарка по кабинети и кажувањето дека 40% од вработувањата се за етнички албанци.
- ДУИ не е суверен победник во Албанскиот блок, на последните избори во нивната коалиција имаше и ромски и турски гласови.
- Секогаш кога ДУИ нема што да каже игра на етничката карта, онаму каде суверено владееја 20 години трендот на иселување е многу поголем од онаму каде не доминираат.
- Во време на коалицијата СДСМ и ДУИ бевме вбројани во држави окарактеризирани како хибриден режим.
Бајрам Реџепи:
- Трендот на иселување од државата е апсулутно правопропорционален во сите општини.
- Со Бадентер секогаш се обидувавме законите да бидат подобри, пофункционални и да придонесат за подобар живот на граѓаните.
- Требаше ден порано да се зачлениме во ЕУ, а тоа создава можности и некои од иселените да се вратат назад.
- Долго време разговараме во ДУИ како да се тргнеме од етничкиот кал што не влече назад и од моментот кога заклучивме дека поголемиот дел од Рамковниот договор е реализиран, иако не целосно, мора да се фокусираме на економските проекти за благодат на сите граѓани.