Чибишев со апел до граѓаните: Посочената комбинација на лекови за корона вирус мора да се користи под надзор на лекар

Доктор Андон Чибишев на денешниот LiveChat на ВМРО-ДПМНЕ говореше за актуелната ситуација со корона вирусот.

Доктор Чибишев укажа дека социјалните мрежи се моќна алатка за да се пренесат информации, но и дезинформации и да ги искомплицираат работите. Тој укажа дека и светски лидери излегоа и рекоа дека комбинација на два препарати, прво, хлорокин кој се користи за маларија и вториот препарат, азитромицин моќен антибиотик кој се користи за лекување на бактериски инфекции на респираторниот тракт се еден вид лек. Тоа, додаде Чибишев, граѓаните погрешно го сфатија мислејќи дека ако заболат добро е да си ги имаат двата лека и да почнат ад си ги пијат, а според некои информации се оди дотаму што некои ги пиеле превентивно.

„Хлоракинот се зема само под контрола на доктор, во спротивно може да предизвика оштетувања на срцето, бубрезите и нервниот систем и на делови на окото. Таквите оштетувања се неповратни. Азитримицинот е делотворен при тешки инфекции и дава фантастични ефекти, но земен на своја рака предизвикува оштетувања на клетките кои го градат црниот дроб и ако се оштетат може да настане слабост на црниот дроб, исто делува и на спроводниот систем на срцето. Азитромицинот може кај одредени индивидуи да делува на тој начин што ќе го поремети ритамот, работата на срцето, кај некои граѓани тоа може да бидат лесни појави, но може да има и животозагрозувачки компликации. Исто така специфика што ја имаат повеќе антибиотици е тоа што можат да предизвикаат тешко заболување на дебелото црево и до компликации на други органи и сето тоа да биде животозагрижувачки. Затоа јас решив на социјалните мрежи и сега во оваа прилика да апелирам до граѓаните да не купуваат на своја рака посебно вакви лекови, но и генерално било какви лекови, како и да не ги користат без препорака од лекар“, рече Чибишев.

Докторот посочи дека не треба ништо ново да се измислува, туку само да прифатат препораките на Светската здравствена организација.

„Пораката од Светската здравствена организација се состои од три збора Тестирај, тестирај, тестирај. Мислам дека тоа е прифатено од Јужна Кореја и мислам дека таму имаат најдобри резултати во контрола или трансмисија на вирусот. Информациите говорат дека вршат масовно тестирање на населението и со тоа го спречуваат ширењето. Прво, за кај нас не знам колку имаме капацитет за тоа како држава. На еден прес го слушнав министерот доктор Филипче кој рече дека имаме илјада тестови, а уште толку ќе добиеме. Мислам дека тоа е мала бројка и треба повеќе тестови и повеќе тестирања. Второ прашање е колку имаме обучен кадар во институциите да зема материјал, зошто не секој може да земе материјал. Материјалот треба уште постручно да се испитува. Тоа се виде и во случајот со Куманово кај пациентката која два пати била тестирана и била негативна и одеднаш по смртта да се покаже дека била позитивна. Тоа доведе и до заболување на здравствени работници“, посочи Чибишев.

Докторот посочи дека се направија неколку пропусти уште кога се појави случај на 26 февруари. Кај нас, посочи тој, имаше тренд на враќање на наши граѓани кои работеле во Италија, но и од други кризни региони, имаше информација дека истите биле проверувани делумно, а некои воопшто не биле проверувани. Според него на почетокот со ова е направен пропуст кој се покажа со тоа што токму тие лица први беа детектирани како носители на корона вирусот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Кина денеска го критикуваше одобрувањето на новиот пакет американска воена помош за Тајван, наведувајќи дека со тоа островот се става во „опасна ситуација“.

Американскиот Сенат синоќа одобри воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколку месеци одложување и дебата за тоа колку САД треба да бидат вклучени во војни во странство.

Од тоа, осум милијарди долари беа наменети за Тајван, со цел да се спротивстави на кинеската закана од инвазија.

Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија и се закани дека таа позиција ќе ја брани со сила доколку е потребно.

Кинеската канцеларија во Тајван соопшти дека помошта „сериозно ги прекршува“ обврските на САД кон Кина и „испраќа погрешен сигнал до тајванските сепаратистички сили“. /МИА

АИ: Глобалните човекови права соочени со најсериозни закани

Човековите права ширум светот се соочуваат со најсериозните закани во последните неколку децении, соопшти Амнести интернешенл (АИ) во својот годишен извештај објавен денеска.

Организацијата ги истакна конфликтите во Газа и Украина, како и ширењето на авторитарните влади, кои му штетат на меѓународниот поредок со кршење на меѓународното право и игнорирање на основните права.

-Флагрантното непочитување на меѓународното право од страна на Израел се надополнува со неуспехот на неговите сојузници да го запрат невиденото крвопролевање во кое страдаат цивили во Газа, изјави генералната секретарка на АИ, Ањес Каламар.

„Покрај руската агресија против Украина, зголемениот број на вооружени конфликти и масовните прекршувања на човековите права, забележани, на пример, во Судан, Етиопија и Мјанмар - глобалниот поредок заснован на правила е во опасност да биде десеткуван“, додаде таа.

И демократиите не ги избегнаа критиките на АИ, а Каламар кажа дека „тоа што го видовме во 2023 година потврдува дека многу моќни држави ги напуштаат основните вредности на хуманоста и универзалноста содржани во Универзалната декларација за човекови права“. Меѓу другото, во извештајот се критикува американското користење на ветото за да се парализира Советот за безбедност на ОН со месеци за резолуцијата за прекин на огнот во Газа.

Извештајот „исто така ги истакнува гротескните двојни стандарди на европските земји како Обединетото Кралство и Германија, со оглед на нивните основани протести против воените злосторства на Русија и Хамас, а истовремено ги поддржуваат дејствијата на израелските и американските власти во овој конфликт“, се наведува во соопштението на Амнести.

Војната во Украина беше уште еден клучен фактор што придонесе за падот на глобалното досие за човекови права.

Амнести ги наведе неселективните напади на руските сили „на населени области и цивилна инфраструктура за извоз на енергија и жито“.

„И руските и украинските сили користеа касетна муниција и покрај нејзината неселективна природа и постојаните ризици за цивилите“, се вели во извештајот.

-Извештајот на Амнести интернешенел прикажува мрачна слика за алармантна репресија на човековите права и кршење на меѓународните правила, сето тоа во услови на продлабочување на глобалната нееднаквост, суперсили кои се борат за превласт и ескалација на климатската криза, рече Каламар. /МИА

притисни ентер