Четврти член на бразилската делегација во ОН позитивен на коронавирус

Педро Гимареш, член на делегацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во Обединетите нации, е позитивен на коронавирусот, напиша извршниот директор на банката „Каиша економика федерал" на социјалните мрежи.

Гимареш, кој рече дека е комплетно вакциниран, е четвртиот член на делегацијата кој е позитивен на Ковид, а кој беше со Болсонаро во Њујорк на неговото обраќање во ОН.

Тој рече дека бил асимптоматски, но бил во изолација од средата, кога се вратил во Бразил од Њујорк.

Бразилскиот министер за здравство Марсело Квирога, синот на Болсонаро, Едуардо и еден дипломат, исто така, беа позитивни.

Квирога, на кој коронавирусот му беше дијагностициран за време на посетата на Њујорк, се уште е во изолација во хотел во Њујорк.

Болсорано во неделата рече дека има негативен резултат на тестот за Ковид-19. Откако пристигнаа во Бразил, сите членови на делегацијата на Болсонаро беа во изолација и направија тестови поради контакт со министерот за здравство.

Мицкоски: Работиме на носење на голема странска инвестиција во Битола

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски ќе донесат голема странска, мултинационална компанија, вели Мицкоски.

Почитувани,

Да ми дозволите да се заблагодарам на битолчани за големиот успех во првиот круг, за мнозинството советници во Советот на Општина Битола кои што доаѓаат од коалицијата за „Обнова на Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ недвосмилено победи, освои најголем број гласови во Советот на Општина Битола. ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг овдека во Битола и во трката за градоначалник, Тони Коњановски победи во првиот круг и ќе победи во вториот круг за тоа што на битолчани им е преку глава веќе од лаги, криминал, предавства, од корупција, од неуспеси во здравството, од нереформирано образование, од сето она што се случуваше изминативе 52 месеци во Македонија, но и сето она што се случуваше изминативе четири години овдека во Битола.

Денеска сме овдека во Битола и симболично овде во „Жабени", ја даваме оваа изјава во индустриската зона „Жабени", да ги охрабриме битолчани да им кажеме дека идната Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски заедно сериозно работат на една голема странска инвестиција. Ќе ве молам да оставите на времето да покаже која ќе биде таа голема странска инвестиција, која што во наредниот период ќе дојде и ќе инвестира овдека во Битола. Да не бидеме како тоа што го правеше Зоран Заев и Владата на СДСМ, лиферувајќи имиња од типот на голем германски инвеститор во автомобилската индустрија, па Фејсбук, па Гугл, па последно на едно наше заедничко соочување ИКЕА ја споменуваше, и уште ред други имиња кои што ги споменуваше. Не би сакал да наликувам на човек што споменува имиња бидејќи и самите тие нормално дека не би сакале да се открие тоа име.

Но, јас сакам да откријам и со сигурност да кажам дека во периодот кој што следи идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски ќе донесат голема странска, мултинационална компанија која што ќе инвестира и ќе обезбеди во почеток неколку стотици, а во подоцнежна фаза и повеќе од неколку илјади нови работни места овде за Битола и за битолчани, и за Пелагонија, она што е за нас многу важно. Бидејќи ние сме Влада и во минатото, но и така ќе биде во иднината како Влада, пробизнис Влада, Влада која што ќе се занимава за решавање на проблемите на граѓаните, Влада која што ќе создава услови за инвестиции, Влада која што ќе ја развива Македонија. А, не Влада која што ќе ја краде, која што ќе ја предава, Влада која што ќе ја срамоти, Влада која што ќе ја понижува Македонија.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Османи: МНР никогаш не вршело притисок

Министерството за надворешни работи никогаш не правело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија, вели Османи.

Вчера се одржа првиот ден од средбата. Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува и ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во одговор на новинарско прашање дека еден член од Комисијата поднел денеска оставка, поради, како што наведоа дел од медиумите, повикувајќи се на негово писмено соопштение, „обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата од страна на висок функционер на МНР".

– Министерството за надворешни работи е координатор, односно го води овој процес на разговори со Република Бугарија и е надлежна институција за имплементација на Договорот од 2017 година. Во однос конкретно на работата на Историско-образовната комисија, МНР логистички ја поддржува Комисијата и затоа состанокот се одржува овде во Министерството, ресурсите ги обезбедува Министерството, Комисијата има договор потпишано со Министерството и оттука е односот на Министерството кон работата на Комисијата. Но, никогаш во однос на содржината, делокругот на работата на самата Комисија, рече Османи.

Тој додаде дека Министерството ќе учествува во обезбедувањето на формата и давањето на логистичката поддршка на работата на Комисијата.

– Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата се разбира имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува. Јас ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето и на заедничките текстови за заедничко одбележување, меѓутоа и за препораките за учебниците. Колку што знам, вчера тема била Самоил чиј текст веќе е договорен од пред една година, меѓутоа прашањето било како тој текст и дали треба тој текст да се препорача како насока за учебниците. Така што се разговараше за прашање кое што веќе е апсолвирано уште минатата година. По однос на заедничкиот наратив немаше ништо ново како тема, за да може да има потреба од каков било политички притисок или, пак, за да има причина за политизирање на Комисијата во рамки на сегашниот предизборен контекст, рече Османи.

Во однос на тоа дали Комисијата продолжува и денеска со работа, Османи одговори потврдно, бидејќи состанокот е во тек.

– Јас немам информации што се случува во моментот таму. Меѓутоа, сакам да кажам дека Комисијата треба да продолжи со работа независно дали еден член се повлекува или не. Затоа Комисијата има седум члена, порано имало исто така повлекување, имаше и смена на еден член ако се сеќавате пред неколку месеци од моја страна. Тоа е процес во којшто Владата одлучува кои ќе бидат членови. Јас ќе видам кое е образложението на членот, ќе видам кое образложението на претставниците на Министерството коишто биле таму. За мене е многу важно овој процес да продолжи и да има конкретни резултати во нивната работа, дециден е Османи.

За жал, додаде министерот, немаа ништо договорено вчера и тоа „многу повеќе ме вознемирува отколку тоа дали еден член поради различни причини се повлекол".

– Најважното е дека немало прогрес и немало договор за ниту една препорака вчера во однос на учебниците. Нема прогрес ниту денеска. На неколку состаноци пред вас изразив вознемиреност, по однос на текот на работењето на Комисијата од двете страни. Меѓутоа, ние немаме други инструменти за имплементација на Договорот освен продолжување на работата на Комисијата, истакна Османи.

Тој посочи дека ќе го разгледаат последниот случај, бидејќи сепак се случил непосредно пред прес-конференцијата и оти ги нема сите информации. За него е најважно Комисијата да продолжи со работа и оти МНР ќе продолжи логистички да го поддржи тој процес, и, повтори ниту се мешало ниту ќе дозволи да се меша во содржината и во одлуките што ги носат историчарите.

– Но, дека ќе поттикнам динамика, дека сум разочаран дека не прифатија да ја одржат средбата со физичко присуство, туку со онлајн – да, сум разочаран и јас планирам да преземам мерки во овој дел. И никогаш нема да дозволам, ниту јас, ниту кој од Министерството, да се меша во содржината, во насоката од стручните професионални насоки што ги имаат историчарите. Но, дека ќе реагирам секогаш кога ќе видам опортунизам, секогаш кога ќе видам немање ентузијазам да се продолжи овој процес ,тука ќе реагирам, затоа што сметам дека имаме одговорност пред граѓаните, заклучи Османи на прес-конференцијата по средбата со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. /МИА

Средба Шекеринска – Гуерини

„Силна италијанска поддршка за евроинтеграциите, Македонија и Италија ја продолжуваат и одличната одбранбена соработка “.

Италија продолжува да дава силна поддршка за евроинтегративниот пат на Македонија е пораката од италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини дадена на средбата со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во седиштето на НАТО во Брисел.

Во контекст на одбраната, Шекеринска и Гуерини на средбата заклучија дека билатералната соработка е одлична и дека двете земји продолжуваат заеднички да учествуваат во мисијата на Алијансата на Косово и во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ.

„Со учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во НАТО мисијата на Косово, ние земаме активно учество во регионот како фактор на стабилност и безбедност", рече министерката и додаде дека од идното лето, Армијата со еден штабен офицер ќе даде свој придонес и во Силите за брзо распоредување на НАТО лоцирани во Италија.

Планот за билатерална соработка со Италија во областа на одбраната годинава вклучува 14 активности фокусирани на воената едукација и обуките, експертската помош и соработката во доменот на логистиката.

притисни ентер