Четворица штипјани со казни од по 2 000 евра за прекршување полициски час

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на четири лица да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра.

Побараната парична казна е заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни случаи, се движеле со патнички моторни возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата , а за заштита и превенција од натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот – COVID-19, се наведува во соопштението од Обвинителството. 

притисни ентер