Четворица повредени и 12 приведени по мечот МЗТ Скопје - Работнички

Наместо празник на кошарката, градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички уште еднаш се претвори во срам за македонскиот спорт. Полицијата приведе 12 навивачи кои вчера дивееја на натпреварот и се пресметуваа со полицијата. МВР веќе изготвува регистар на хулигани со кој треба да се намали насилството на терените.

Тројца навивачи во Ургентен центар, еден повреден полицаец и 12 приведени кои добија прекршочни пријави. Вака заврши градското кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички. При крајот на натпреварот, навивачите на Работнички започнале меѓусебна тепачка при што интервенирала полицијата и дошло до судир меѓу двете страни.

Министерката ГорданаЈанкулоска смета дека не била употребена прекумерна сила и полицијата морала да интервенира, за да не ескалирал инцидентот.

МВР се уште врши идентификација на сите инволвирани во тепачките и можно е да бидат поднесени пријави и за други навивачи кои наместо да ги бодреле кошаркарите, разменувале тупаници. Јанкулоска најави дека до јуни треба да биде готов Регистарот на навивачи кои прават инциденти на натпревари и на тој начин според неа, ќе можат да се контролираат и да се спречат насилства на спортските терени.


Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер