Честитка од Претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. 

Во рамки на одбележувањето на државниот празник, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска положуваат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и Спомен куќата на Петар Поп Арсов во с. Богомила. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на честитката од претседателот Пендаровски.

Почитувани сограѓани,

Ви го честитам 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време. Тоа беа идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници. На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност.

Денес, 127 години подоцна, наша генерациска должност не е само да ги чуваме придобивките на нашите предци, туку и да го направиме следниот чекор. Да ја градиме Република Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество.

Годинава, празникот го одбележуваме во услови на глобална пандемија со КОВИД-19, која нè потсети колку е испреплетена нашата судбина и колку ние луѓето сме ранливи, независно од нашите етнички, верски, политички и социјални разлики. Овој предизвик што ги надминува нашите разлики е истовремено и можност преку солидарноста да постигнеме граѓанско помирување кое ни е толку непходно. Солидарноста мора повторно да стане наша врвна индивидуална и општествена доблест. Само ако се грижиме едни за други, само ако државата се грижи за секој свој граѓанин, ќе има надеж за Република Македонија.

Нека ни е честит 23 Октомври!

Стево Пендаровски

МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс кој треба грижливо да го собираме

Проектната активност има за цел да се направи оценка на состојбата и да се идентификуваат расположивите количини за одржливо користење на мечкино грозје.

На денешниот видео настан организиран од Фондацијата „Информација и заштита на природата” (ФИЗП), Подружница во Република Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се презентираа резултатите од проектната активност „Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели”.

Проектната активност има за цел да се направи оценка на состојбата и да се идентификуваат расположивите количини за одржливо користење на мечкино грозје (Аrctostaphylos uva-ursi), растение кое интензивно се собира од природата.

Споредено со развиените западно-европски земји, Македонија има богата биолошка разновидност, поради различните климатски услови присутни на оваа релативно мала територија, како и самата положба, но и добро зачуваните природни екосистеми. Има повеќе од 700 видови лековити и ароматични растенија (ЛАР) од кои најчесто се користат околу 220. Околу 75-80% од лековитите растенија и бобинки во Република Македонија, како и во повеќето балкански земји, се собираат од природата. Дел од ова природно богатство е од голема важност и за локалната економија, бидејќи повеќе од 50 000 семејства или 200 000 луѓе (просечно четиричлено семејство) имаат дополнителен приход од нивно собирање. Дури една четвртина од локалното население може да живее од споредните шумски производи, ако тие се обработуваат во близина на местото од кое се собрани.

Мечкиното грозје се смета за едно од највредните диви растенија и за природата и за локалната економија. Во Република Македонија тоа не е опфатено во Листата на строго заштитени и заштитени диви видови и не е под забрана за собирање. Популацијата на мечкино грозје во Република Македонија е единствениот извор на оваа суровина во регионот. Во сите соседни земји е заштитен вид и е забранет за комерцијално собирање. Економски развиените западни членки на ЕУ, одамна, толку многу го оштетија нивниот биодиверзитет што скоро нема што да се собере од дивината. Германија, Италија, Франција и други увезуваат билки, печурки, бобинки, лишаи од нашиот регион и ги преработуваат со што се создаваат работни места за нивните луѓе и индустри. Сепак, тие немаат проблеми со зачувување на дивите живеалишта на тие растенија бидејќи традициите за собирање скоро исчезнаа и нема притисок врз дивите живеалишта. Од оваа причина во ЕУ не постои посебно законодавство кое се грижи за зачувување на лековити растенија, габи и сл. Затоа Балканските земји не можат да се потпрат на Европската Комисија бидејќи старите земји-членки немаат такви проблеми.

Искуствата од соседна Бугарија кажуваат дека е наша одговорност, на владите и луѓето од нашиот регион да го развиеме и спроведеме нашето национално законодавство кое ќе ги зачува вредните видови кои воедно се важни ресурси за локалниот економски развој. Во таа насока препораките се Македонија да има свои системи на рано предупредување, контрола, санкции и поддршка за одржливо користење на ресурсите на диви растенија кои се собираат од природата.

На настанот се презентираа заклучоци и препораки во корист на зачувување и одржлива употреба на мечкиното грозје. Главното укажување беше дека природните ресурси не растат во неограничени количини и потребна е заедничка акција од сите инволвирани институции во нивната одржлива употреба. Во таа насока, беше спомената кампањата за подигнување на јавната свест под мотото „Грижливо собираме", спроведена во рамките на истиот проект.

Настанот иницираше дискусија на различни заинтересирани страни како најефикасно да се подобри заштитата на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели.

Проектна активност се имплементира во рамки на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање за користење на земјиштето”. Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), се спроведува преку УНЕП, главен партнер и корисник е МЖСПП додека локален партнер во спроведувањето на оваа проектна активност е Фондацијата „Информација и заштита на природата”- ФИЗП, Подружница во Република Македонија.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Арсовски: Заев да каже што се има понудено до бугарската Влада за да се тргне блокадата

„Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.“

прес-конференција:

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.

Коалициониот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна.

Зоран Заев да не се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост.

Неговата "патлиџан" дипломатија ја донесе Република Македонија до ќорсокак од кој што нема излез.

Дали во понудата покрај распродавање на сите национални интереси и историја, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени?

Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во Телеком, железничкиот транспорт, земјоделско земјиште низ целата држава најатрактивна, ТЕЦ Неготино, македонски пошти и уште многу други институции?

Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните?

Кому ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми?

Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што се има понудено до бугарската влада за да се тргне блокадата?

Претходно велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто?

Зоран Заев е човек кој што за жал ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата која ја доби со поткуп. Затоа е потребна Влада за национален спас, наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев.

Ви благодарам на вниманието

Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ

Решен долгогодишниот проблем со фекалната канализација на улицата ,,Бабуна" во Кавадарци

Во завршна фаза е реконструкцијата на фекалната и атмосферската канализација на улицата „Бабуна" во Кавадарци.

– Со овој потег ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на улицата „Бабуна" која минуваше низ приватни дворови, а воедно и со атмосферските води кои често причинуваат штети на граѓаните кои живеат на таа улица, информираа од кавадаречката локална самоуправа.

Инвеститор и изведувач на работите е ЈП „Комуналец" Кавадарци.

притисни ентер