Честитка од Џафери за Националниот ден на Власите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Македонија.

– Ми претставува чест да Ви го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите. Би сакал да Ви изразам висока почит за големиот придонес што како заедница го давате и сте го давале на државата низ историјата, истиот бил значаен за развојот на Македонија. Често сакам да нагласувам дека нашето богатство е во различностите, така преплетени и во заедништво, имаме сигурен напредок.

Драги сограѓани Власи, нека Ви е честит националниот празник, Ви посакувам да ја негувате и промовирате својата култура, да се гордеете со вашето наследство и историја и да ја унапредувате вашата положба во општеството. Власите во Македонија имаат истакнати личности кои се дел од општествениот живот а заедницата во целост е мошне почитувана.

Уште еднаш, дозволете да Ви го честитам Националниот ден на Власите и да Ви посакам денот да го поминете во убава празнична атмосфера, наведува во честитката претседателот на Собранието Талат Џафери.

притисни ентер