Чешка со рекордни 1677 новозаболени ,се воведуваат построги мерки

Чешка забележа рекордни нови 1.677 случаи на инфекција со коронавирус, соопшти тамошното министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата во оваа централноевропска земја се искачи на скоро 39.000 на 15 септември, соопшти денеска Министерството. Во таа земја со 10,7 милиони жители, починале 476 лица. Во моментов, хоспитализирани се 333 лица.

Забрзувањето на ширењето на инфекцијата во последните две недели ја стави Чешка на трето место според бројот на нови инфекции на 100.000 жители, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција на инфекции.

Министерот за здравство Адам Војтех пред парламентот рече дека владата планира од петок да дозволи само настани со места во затворени простори за стабилизирање на ситуацијата.

„Неизбежно, бројките во наредните денови ќе бидат слични на сегашниот раст“, ​​додаде тој.

Во март, Чешка беше меѓу првите европски земји што ги затвори своите граници и нареди носење маски, но исто така и меѓу најбрзите во воведување карантин, што не сака повторно да го воведе.

Од минатата недела маските повторно се задолжителни во затворен простор, а кафулињата во главниот град Прага мора да се затворат на полноќ.

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници.

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.

Германецот, обраќајќи им се на членовите на ЕП пред гласањето, рече дека тоа е важно гласање и одлука која ќе го подобри животот на 18.000 српски државјани на Косово, кои се носители на специјални пасоши. /МИА

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

притисни ентер