Чешка ќе обучи до 4.000 украински војници на своја територија

Горниот дом на чешкиот парламент ја потврди одлуката на Долниот дом за обука на до 4.000 украински војници во Чешка, односно нивна обука на тлото на другите членки на Европската унија, во која можат да учествуваат до 50 чешки војниците.

По зеленото светло на Долниот дом, вчера Сенатот го ратификуваше и законскиот предлог со кој се дозволува обука на до 4.000 украински војници на полигонот во Либава, објави јавното Радио Прага Интернационал.

Четиринеделната обука во пет ротации ќе започне во 2023 година и во секоја ќе има до 800 украински војници. Парламентот, исто така, го ратификуваше распоредувањето до 55 чешки војници кои ќе ги обучуваат украинските сили на тлото на другите членки на ЕУ. Гласањето за мисијата го дадоа 67 од 70 присутни сенатори, а на гласањето му претходеше остра дискусија со обвинувања за проруска пропаганда.

Се проценува дека учеството ќе ја чини Чешка околу 975 милиони круни, а дел од парите би можеле да бидат вратени од ЕУ преку програмата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина. „Немаме пари за толку раскошно учество во војна“, рече сенаторката Јана Звиртек Хамплова од Независната партија.

Таа изрази страв за безбедноста на чешките граѓани и побара обуката да се одржи во дел од Украина каде што нема борбени операции. Нејзиниот став беше критикуван од Вацлав Ласка, претседател на СЕН 21 и репрезентативниот клуб Пирати, велејќи дека „Нашата колешка Хамплова е портпарол на руската пропаганда“.

„Тој што избира удобност и сигурност, замижува пред руските злосторства врз украинскиот народ, е кукавица“, обвини Хамплова. Изјавата дека има територија во Украина каде што нема напади е „одвратна лага од омраза“, одговори министерката за одбрана Јана Черночова и рече дека обуката на украинска територија би значело вовлекување на Чешка, членка на НАТО, во војната.

Сенаторката Даниела Коварова (Независна) ја обвини владата дека не претставила јасна формулација за тоа какви национални интереси бранела Чешка со одлуката да учествува во обуката на украински војници.

Коварова и Звиртек се единствените сенатори кои гласаа против законот, додека сенаторот на демохристијаните Лумир Кантор беше воздржан. Парламентот, исто така, го одобри мандатот за две други мисии во странство, до 40 војници во Косово и продолжување на мисијата во Ирак.

Видео: Убава навивачка на новинар на линк му ги покажа голите гради

Млада навивачка на новинар му ги покажа градите за време на програма во живо.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери сподели неверојатна ситуација која му се случила додека се јавувал во живо на програма во Италија кога една девојка му ги покажала градите.

Имено, навивачката на Хартс изјави дека се вика Наташа и дека доаѓа од Единбург. Таа сакаше да ја покаже својата посветеност кон својот фудбалски клуб, но и одбивноста кон Хибернианс.

Таа се обиде да ја покаже едната дојка и да му ја претстави својата тетоважа. Новинарот се обиде да ја спречи, а во намерата и се приклучил и момчето кое било со неа. Со раце и ги покриле градите.

- Градите ми се вистински - рече навивачката.

На крајот успеа да го покаже делот од телото што го наумила и тетоважата „5:1“.

Палмери беше во шок. Пред 20 години Хартс го победи Хибернијан со 5-1 во финалето на шкотскиот куп.

- Кога верна навивачка на Хартс ќе упадне во вашиот пренос во живо и сака да и ја покаже на цела Италија гордост против Хибернианс, од се срце. Би рекол од длабочината на душата – напиша Палмери.

Следните денови студено, од четврток локални врнежи претежно од снег

Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, најавуваат од УХМР. Утре локално ќе има слаби врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер.

Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди Кина

 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Синџан во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јавува дека во земјотресот нема повредени и не е причинета значителна материјална штета.

Земјотресот се случи на длабочина од 33 километри во 7:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Кинескиот центар за следење на земјотресите го регистрираше земјотресот со прелиминарна јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.

Државната телевизија ЧТВ прикажа снимка на која се гледа како луѓето го напуштаат холот на аеродромот и како таванските делови се нишаат додека земјата се тресе. Не се забележани нарушувања на електричната мрежа, ниту на мрежата за производство и транспорт на нафта и гас.

притисни ентер