Чешка и Словачка не ја тргнаа блокадата на заклучоците за проширување на ЕУ

И последниот обид  пропадна, Чешка и Словачка да ја тргнат блокадата од заклучоците за проширувањето на Европската Унија. И двете земји сметаат дека барањето на Бугарија е опасно за проширувањето како процес и го подрива кредибилитетот на Унијата.

Дипломатскиот земјотрес што го предизвикаа Чешка и Словачка со блокадата на заклучоците на проширувањето го доби конечниот епилог. Документот кој требаше да испрати сигнал дека проширувањето останува меѓу приоритетите на Унијата остана блокиран, поради како што појаснија официјална Прага и Братислава, спорната формулација поврзана со погрешното толкување на историјата на кое инсистираше Софија. Бугарското МНР денеска изрази жалење за блокараните заклучоци.

-Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да ги продолжиме нашите напори за постигнување консензус за проширувањето. Ветото на заклучоците на Советот носи ризик да ја поткопа довербата на ЕУ и да ја спречи Унијата да ги испраќа потребните сигнали до Западен Балкан за стимулирање на неопходните реформи, се вели во реакцијата на бугарското МНР.

Во исто време, останува бугарското ветото врз преговарачката рамка за Македонија, која воопшто не е поврзана со блокираните заклучоци. Премиерот Заев, го изрази разочарувањето и повтори дека македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори.

-Сакам да ги коментирам реакциите на Словачка и Чешка. Драго ми е што сѐ уште има европско во Европската Унија. Ова го кажувам со доза на горчина затоа што ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Република Северна Македонија. ЕУ најмалку што смее да направи е да ги изгуби европските вредности и принцип. Се надевам дека тој дух ЕУ ќе продолжи да го испраќа кон нас земјите кандидати за членство затоа што ние немаме друга алтернатива. Како што сум кажал и порано, се надевам дека ЕУ нема да го изгасне светлото во мракот за да не бидеме изгубени, изјави Заев.

За Симонида Кацарска од Институот за европска политика, последниот развој е голем удар за германското претседателство, кое се обиде да ги задоволи бугарските барања поврзани со историјата.

Вчера германската канцеларка Меркел изјави дека разговарала со премиерот Борисов и дека во блиска иднина очекува надминување на блокадата

Поради оштетување на 1000 прагови во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола

Најдоцна до петок ќе биде во прекин железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола, поради оштетување на околу 1000 прагови од пругата.

До оштетувањето дошло откако изминатите два дена избиле пожари во близина на селата Слепче и Тројкрсти, кај Прилеп, па сега ќе мора да се санира штетата.

Никола Марков, од Македонски железници-Инфраструктура верува дека проблемот ќе биде решен до предвидениот рок и нема да има негово пролонгирање.

„Бидејќи се работи на долга релација, нашите работници работат интензивно и сообраќајот ќе биде во прекин до петок. Може да се случи да биде и продолжен, се зависи од временските прилики и ситуацијата на лице место. Ние имаме резервни прагови, кои се за други намени, но поради овој вонреден случај, ќе бидат веднаш пренаменети“,изјави, Никола Марков, пом. директор на МЖ-Инфраструктура.

Дека пругата ќе биде оспособена за сообраќај веруваат и од Синдикатот на машиновозачи, затоа што како што велат, трпат штета сите учесници во овој сообраќај.

„Трпат и патниците, а трпи и нашето друштво МЖ Транспорт. Бидејќи, ние од превозот што го вршиме, земаме финансиски средства за плати, за трошоци околу фирмата.- Претседател на синдикат на машиновозачи, Тони Димковски.

Проблемот со изгорените прагови од пругите е само уште еден во низата кои го следат железничкиот сообраќај во Македонија веќе подолг период.

Последно, до почетокот на овој месец, машиновозачите од Македонски-железници Транспорт ја бојкотираа работата поради неисплатени плати. Потоа дојде до позитивен договор со претрпијатието и повлекување на суспензијата за 12 машиновозачи.

Ковачевски оптимист за уставните измени, без коментар за кавгата меѓу Мицкоски и Груевски

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери.

Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира кавгата меѓу Мицкоски и Груевски и обвинувањата дека екс премиерот и помагал на власта за уставните измени, но вели дека останува оптимист за гласови во Собранието од опозиционери кои се залагаат за евроинтеграциите на Македонија.

Ковачевски верува и дека до февруари земјава може да го затвори првото поглавје од преговорите со ЕУ, доколку промената на уставот се случи до крајот на оваа година.

Наспроти оптимизмот на премиерот за двотретинско мнозинство, опозицискиот лидер Мицкоски и од партиски настан вчера повтори дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се изјаснила против промена на уставот, а уверува дека партијата е сплотена.

-ВМРО-ДПМНЕ драги браќа и сестри е силно и без внатрешни поделби. Обединето и сплотено. Фокусирано кон пад на оваа власт. А, тоа го покажува и бројката на 44 пратеници кои се гаранцијата дека нема да попушти браната против уставните измени кои значат прифаќање на надворешен диктат, наспроти поделената СДСМ и помалиот број на пратеници за уставни измени. Тука не треба да се заборави и фактот за дестабилизрината и поделна ДУИ. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Мицкоски го посочува Груевски како соработник на владејачките партии во обид да ја подели ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени, Груевски со контра напад – дека Мицкоски тајно соработувал со Заев. До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн. Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање? – пишува Груевски на фејсбук.

Трајанов: Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата

Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата, клучно е да не се рашири конфликтот.

Ситуацијата на Косово е во критична фаза по вина и на Белград и на Приштина, смета лидерот на Демократски сојуз и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Тој цени дека Брисел нема механизам да ги натера да го спроведат договорот но клучно е вели тој конфликтот да не се прошири.

Целиот разговор на Михаела Димовска со првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов погледнете го во видеото.

притисни ентер